Нуклеарна артилерија: Погледнете дејство на гигантските орудија 2С7М „Малка“ (ВИДЕО)

Григориj Сисоев/Sputnik
На воениот полигон Кузбас беа демонстрирани борбените способности на тешките самоодни артилериски орудија 2С7М „Малка“ калибар 203 мм. Главната предност на ова орудие е можноста за употреба на специјални типови на пробојно-разорна и хемиска муниција, како и гранати со тактички нуклеарни боеви глави „Клешевина“, „Саженец“ и „Перфоратор“.

Неодамна овие тешки орудија, направени уште за време на СССР, поминаа етапа на модернизација¹, со што добија можност да ги уништат своите цели со многу високи параметри на прецизност. Како што соопшти информативната служба на руското Министерство за одбрана, во рамките на воената вежба што се одржа на полигонот Кузбас, артилериските единици извеле плотунски удар врз непријателски позиции што се наоѓале на далечина од 30 километри.

„За време на дејството се применети нови тактички принципи на огнен удар. Имено, врз позициите на непријателот се изведувани дејствија во координација со беспилотни летала „Орлан-10“, кои го коригираа огнот, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана што го пренесува веб-порталот РГ.

2С7М „Малка“ (или во литературата „Пион-М“) претставува модернизирана верзија на орудието 2С7 „Пион“, направено уште во 80-те години на минатиот век, и сè уште се смета за едно од најмоќните артилериски орудија на светот. Самоодниот топ е дизајниран за удари по непријателски цели и негови утврдувања кои се наоѓаат во длабочината на фронтот.

За таа цел, артилериското орудие 2С7М „Малка“ фрагментарно-разорни гранати и активно-реактивен тип на муниција. Меѓутоа, главната предност на ова орудие е можноста за употреба на специјални типови на пробојно-деструктивна и хемиска муниција, како и гранати со тактички нуклеарни боеви глави „Клешевина“, „Саженец“ и „Перфоратор“.

Со активно-реактивниот тип муниција 3ВОФ35 со тежина од 102,2 кг, ефикасниот дострел на самоодниот топ 2С7М „Малка“ е до 50 км. Во тек е развој на нова генерација на муниција која ќе овозможи дејство на далечини над 70 км.

—————————————————————————————

¹Кај самоодниот топ „Малка“ калибар 203 мм се заменети преносот, механизмот за дистрибуција на моќноста и напонските агрегати. Покрај тоа, целосно е заменета и опремата на орудието. Инженерите на компанијата „Уралтрансмаш“интегрираа современа опрема за комуникација на екипажот, опрема за прием и обработка на податоци, радиостаница, задолжителен комплекс системи за нуклеарна заштита и комплекс за надзор.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња