ВИДЕО: Руската армија употреби тешка „нуклеарна“ артилерија кај Тамбов

2С4 „Лале“

2С4 „Лале“

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net

Минофрлачите на артилериската бригада на Западниот воен округ (ЗВО) изведоа марш на полигон во Тамбовската област, каде што пристапија кон реализација на тактичка вежба со примена на тешките артилериски орудија 2С4 „Лале“ во рамките на финалната проверка, соопштува прес-службата на округот.

Екипажите нанесоа концентрирани групни удари со фрагментарно-разорни гранати врз движечките колони на условниот противник, неговите командни пунктови и магацини со оружје. Координатите на целите екипажите ги добиваа од беспилотни летала „Орлан-10“.

На вежбата на полигонот „Трегуљај“ беа ангажирани повеќе од 1200 војници со 100 единици вооружување и воена техника, вклучувајќи и артилериски орудија со голема моќност, како што се самоодните минофрлачи со калибар 240 мм „Лале“ и самоодните хаубици со калибар 203 мм „Малка“, кои според својата огнена моќ немаат пандан во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња