ЗАНИМЛИВОСТИ: Најбрзиот ловец на светот фотографиран во навистина необична ситуација (ФОТО)

Ловац-пресретнувач МиГ-31БМ

Ловац-пресретнувач МиГ-31БМ

Виталиј Анков/Sputnik
На фотографијата може да се види несекојдневна глетка на која летало кое може да достигне брзина од 3000 км/ч полека преминува железничка пруга на обележан железнички премин. Станува збор за суперсоничен ловец-пресретнувач кој е оспособен за борба на големи далечини, но и висини.

Иако МиГ-31 е во вооружувањето на руското Воено воздухопловство речиси 40 години, тоа е едно од најдобрите борбени летала во руската армија. Неговиот радар со фазирана антенска решетка „Заслон-М“ обезбедува висок степен на свесност за ситуацијата на кој ниту еден друг авион што се наоѓа во арсеналот на руските ВКС не може да парира. Неговата главна способност е да извршува задачи на големи висини и далечини. Во комбинација со исклучително големата брзина на летање и тактичкиот радиус, тој користи ракети од класата „воздух-воздух“ Р-37 кои можат да ја погодат својата цел на растојанија и до 400 км. Сето ова сугерира дека се работи за исклучително способен ловец кој може да одговори на најсложените предизвици во воздушниот простор.

Од друга страна, МиГ-31 не е дизајниран за блиска воздушна борба. Неговата маневарбилност е многу слаба. Според американските експерти, токму ракетата Р-74М треба да го компензира тој недостаток. Таа ќе обезбеди уништување на воздушната цел без вртење на носот на авионот во правец каде што се наоѓа таа. Покрај тоа, оваа ракета може да се користи и против хеликоптери, крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Иако во моментот на неговото воведување во вооружувањето МиГ-31 беше високо специјализиран пресретнувач, воведувањето на широк спектар на оружје ќе го направи сестрано/повеќенаменско борбено летало.

Малку повеќе за модернизираната верзија МиГ-31БМ

Модернизираниот ловац-пресретнувач МиГ-31БМ (Foxhound според кодификацијата на НАТО) е наменет за пресретнување воздушни цели на големи дистанци кои според борбениот радиус се недостапни за класичните ловци. Борбените апарати од овој тип се способни да решаваат задачи во услови кои ги диктираат современите облици на управување со борбените дејствија, како што е мрежноцентричниот облик на комуникација со практично сите учесници во борбата. Благодарение на интеграцијата на современиот напаѓачко-навигациски систем и вооружувањето од нова генерација, ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ во однос на претходната верзија на МиГ-31 е зголемена за речиси три пати.

Подобрената погонска група, која се состои од двопроточни турбомлазни мотори Д-30Ф6, овозможува авионот од скоро 46 тони да се доведе до границите на хиперсонична брзина (максималната брзина на Миг-31 изнесува 3000 км/час). Плафонот на летот е 20600 метри. Оперативниот опсег на авионот вооружен со четири ракети Р-37/Р-33 со два поткрилни резервоари со гориво изнесува 3000 км. Авионот има способност да дополнува гориво во воздух (авиоцистерна).

МиГ-31БМ е опремен со радарска станица која има високочувствителна фазна антенска решетка (ФАР). „Заслон-М“ која може да дофрли на оддалеченост и до 320 километри. Тоа се речиси 120 километри повеќе во однос на основната верзија на овој радар. Исто така, овој радар сега може да открие цел со големина на ловец на оддалеченост од 150, 200 и повеќе километри. Новиот офанзивно-навигациски систем овозможува истовремено следење на 24 цели, од кои компјутерот или операторот ги избира најопасните и го насочува огнот кон нив. Еден МиГ-31БМ сега може наместо четири да гаѓа и до осум различни цели. За овој авион е развиена и ракетата со голем дострел Р-37 која има оперативен дострел од дури 300+ километри. Оваа ракета нема апсолутно  никаква конкуренција во светот (американската ракета воздух-воздух со најголем дострел AIM-47 „Falcon“ има максимален дострел од 210 километри). Со вакво вооружување МиГ-31БМ може да пресретнува балистички и крстосувачки ракети, а исто така и да уништува непријателски сателити кои оперираат во блиската Земјина орбита (проект на противсателитска ракета со кинетичка боева глава 79М6 „Контакт“). Борбена патрола составена од четири авиони МиГ-31БМ може да покрие простор од околу 380 илјади метри квадратни (Република Македонија има површина од 25713 км2). Покрај ракетата Р-37 тука се и нешто постарите ракети Р-33 со дострел од 160 километри на час, како и ракетите Р-73 (Р-73М) со мал дострел кои се особено ефикасни во услови на догфајт.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња