ВИДЕО: руски пилоти со ловци Су-35С симулираат интензивна воздушна битка

MOD Russia/via Globallookpress.com
Од видеоматеријалот може да се види воена вежба на воздухопловниот полк на Ленинградската оперативна група на Военото воздухопловство и ПВО на Западниот воен округ. Во текот на изведувањето на симулации на воздушна битка пилотите ги изведоа сите маневри што им ги овозможува ова навистина суперманеварбилно борбено летало. Тие притоа полетаа од аеродром што се наоѓа во Карелија.

Пилотите на ловечкиот воздухопловен полк на Ленинградската оперативна група на Военото воздухопловство и ПВО на Западниот воен округ реализираа воена вежба во која симулираа воздушна битка. Во текот на изведувањето на воената вежба пилотите ги извежбаа сите маневри што им ги овозможува ова навистина суперманеварбилно борбено летало. Притоа тие полетаа од аеродром што се наоѓа во Карелија, пренесува веб-порталот РГ.

Како што изјавија од информативната служба на Западниот воен округ, пилотите на суперсоничните повеќенаменски авиони-ловци Су-35С од генерацијата 4++ притоа реализираа тактички елементи на воздушна битка како што се зафаќање на условниот непријател и негово уништување, како на стандардните борбени летала со кои управуваат пилоти, така и на беспилотните летала. Дел од оваа активност може да се види и од видеоматеријалот.

Во текот на реализацијата на воената вежба ловечката група ги изведуваше своите активности во тесно содејство со копнените средства за ПВО и радарско-набљудувачките системи. Воздушната битка беше симулирана на различни висини (големи, средни, мали и ултрамали).

Су-35 е модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++, кој е конструиран со помош на технологијата од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со висококвалитетна авионика, која се базира на комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена моќност и контролирани вектори на потисок. Според нивните карактеристики, овие мотори можат да се применат и на ловци од петтата генерација, бидејќи обезбедуваат суперсонична брзина без дополнително согорување. Максималната брзина на авионот е 2500 км/ч, додека оперативниот долет достигнува 3400 км. Су-35 е наоружан со воздухопловен топ со калибар 30 мм, а на леталото има уште и 12 точки под трупот за закачување бомби и ракети кои се мерат во тони.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња