АКТУЕЛНО: Руски беспилотен хеликоптер „Термит“ со ракета С-8Л уништи цел на 6000 метри

БПЛА МДП-01 „Термит“ наоружан со ракети С-8Л

БПЛА МДП-01 „Термит“ наоружан со ракети С-8Л

vitalykuzmin.net
Едно од главните барања на концернот „Кронштат“, кој го развива ова беспилотно летало, е негово вооружување со модернизираните ракети С-8Л со полуактивна ласерски наведувана боева глава и ефективен дострел до 6000 метри. Таа е првенствено наменета за борба против живата сила на условниот непријател која се наоѓа на бришан простор, но и во утврдени објекти.

Руски беспилотен извидувачко-ударен хеликоптер „Термит“ за време на  тестирањата на летањето реализираше и боево гаѓање со наведувани проектили. Копнената цел која беше успешно погодена во таа прилика се наоѓаше на оддалеченост од 6000 метри.

Едно од главните барања на концернот „Кронштат“, кој го развива ова беспилотно летало, е негово вооружување со модернизираните ракети С-8Л со полуактивна ласерски наведувана боева глава и ефективен дострел до 6000 метри. Таа е првенствено наменета за борба против живата сила на условниот непријател која се наоѓа на бришан простор, но и во утврдени објекти. Токму со примена на оваа ракета беше реализирано и првото боево тестирање на извидувачко-ударното беспилотно летало „Термит“, наведува веб-порталот РГ.

Руското извидувачко-ударно беспилотно летало од хеликоптерски тип „Термит“ ќе биде опремено со програмски алгоритми со елементи на вештачка интелигенција. Невронската мрежа ќе му овозможи на овој дрон опција „слободен лов“.

Операторот кој управува со ова беспилотно летало ќе има задача само да „зафати“ одредена цел и да ја префрли во режим на следење, додека сите останати функции „Термит“ ќе ги реализира самостојно.

Руското извидувачко-ударно беспилотно летало од хеликоптерски тип „Термит“ првпат ѝ беше претставено на јавноста на Меѓународниот военотехнички саем „Армија 2021“. Неговата должина достигнува пет метри, додека висината му е 2,3 метри. Една од поважните предности на ова беспилотно летало е можноста за негово базирање и експлоатација на инженерски неподготвени терени.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња