Оренбург, 20 септември 2021. Кинески трупи учествуваат во церемонијата на отворање на антитерористичките воени вежби „Мировна мисија 2021, на која учествуваат државите-членик на Шангајската организација за соработка.
Mei Shixiong/XinHua/Global Look PressВојниците одработија задачи за уништување на непријателските единици. На видеоснимките објавени од руското Министерство за одбрана може да се види како основен борбен тенк Т-72Б3 излегува од маскирано засолниште, стрела со својот топ од 125 мм по условниот противник и се повлекува без да чека возвратен оган, пишува „Росијскаја газета“.
Под маскирната мрежа, сигурно криејќи ги сите дејствија од воздушно набљудување, тенкот прави мало свртување, се упатува кон вториот, претходно подготвен излез и продолжува да гаѓа.
Познато е дека „седумдесет и двојката“ од оваа модификација може да користи не само проектили со пробојно-поткалибарски, фрагментарно-експлозивни и кумулативни проектили, туку и ракети „Инвар“ 9М119М, наведувани со ласерски зрак во полуавтоматски режим. Тие можат да погодат добро оклопени цели на растојание до 5000 метри, дури и ако таа техника е опремена со вградена или решеткаста динамична заштита.
Ситуацијата на небото ја следи противвоздушниот ракетно-артилериски комплекс „Панцир-С“, кој може да уништи секакви воздушни цели на растојание до 20 000 метри: од борбени авиони и хеликоптери до ударни дронови. Доколку е потребно, може да дејствува и по земја. Неговиот топ од 300 мм лесно оневозможува борбени возила на пешадијата, оклопни транспортери и др.
Вежбите „Мировна мисија 2021“ се одржуваат од 20 до 24 септември. Со нив командува командантот на силите на Централниот воен округ, генерал-полковник Александар Лапин.
Антитерористичките задачи ги извршуваат војници од Русија, Индија, Казахстан, Киргистан, Кина, Пакистан, Таџикистан, Узбекистан и Белорусија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче