Настанот се одржа во дисциплината „Чисто небо“, која е дел од Меѓународниот армиски натпревар АрМИ-2021, кој, меѓу другото, се одржува и на територијата на Народна Република Кина. Имено, руски ракеташ вооружен со лесен преносен ракетен систем 9К338 „Игла-С“ од прва успеа да погоди воздушна цел со голема брзина која се наоѓаше на растојание од 1,5 километри, пренесува веб-порталот РГ.
Како што велат од руското Министерство за одбрана, станува збор за командир на ПВО единица кој е специјалист за ракување со лпр 9К338 „Игла-С“ - поручник Сергеј Маенов. Благодарение на овој погодок, рускиот поручник беше прогласен за најдобар стрелец на натпреварот „Чисто небо“.
„На огнената позиција на полигонот, офицерот-ракеташ, единствен од сите учесници успеа од лесен преносен ракетен систем 9К338 „Игла-С“ да ја неутрализира кинеската ракета-имитатор TY-300D“, наведуваат од руското Министерство за одбрана.
Успешното дејство на рускиот поручник може да се види и на видео. На снимката на „Јутјуб“ се прикажани комплетното доаѓање, подготовката и дејствувањето на рускиот ракета, вклучително и уништување на воздушната цел, снимена од различни агли.
9К338 „Игла-С“ претставува модернизирана верзија на овој комплекс со значително зголемени технички и тактички борбени потенцијали од своите претходници. Во вооружувањето на руската армија влезе во 2002 година. Ракетата е способна да пресретнува објекти кои летаат со суперсонични брзини, а зголемен е и нејзиниот дострел во далечина кој изнесува 6000 метри. Посебно е ефикасна против беспилотни летала и крстосувачки ракети. Ефикасноста на нејзината распрскувачко-разорна боева глава е исклучителна и обезбедува практично 100% уништување на воздушни цели како што се борбени авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети и беспилотни летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче