Ако порано новите достигнувања на руското производство на тенкови беа прикажувани зад ограда, сега Т-14 се демонстрира отворено и секој може да се запознае со особеностите на неговата конструкција.
Со секоја година, информациите за тенкот на информативните табли стануваат сé подетални. На пример, веќе е јасно дека тенкот има маса од 55 тони, а не 48, како што претходно тврдеа многу неофицијални извори.
Покрај тоа, беа објавени и податоци за неговите димензии: должина од 10,8 метри, ширина од 3,9 метри и висина од 3,3 метри. Машината е вооружена со орудие од 125 мм и еден митралез ПКТМ. Се споменува дека може да се постави и артилериски систем со голем калибар.
Моќноста на моторот на Т-14 е 1500 КС, кој постигнува максимална брзина на пат од 75-80 км/ч. Може да помине со еден резервоар 500 километри.
Кај оригиналната верзија на тенкот екипажот од три лица е удобно сместен во предниот и најмалку ранлив дел на машината - во високо заштитената купола, изолирана од горивото и муницијата.
Веќе се јасни и податоците за постоењето на динамична заштита од нова генерација, како и на комплексот од средства за активна заштита.
Оваа година на форумот можеме да ја видиме борбената машина која веќе претрпе некои измени. На пример, сега има нови и зајакнати армирани тркала, исти како оние на оклопното возило за ремонт и евакуација Т-16, кое во моментов се тестира на полигонот Кубинка. Сега до топот има „придушувач“ - под вториот спарен митралез.
Според некои експерти, токму во овој облик Т-14 ќе влезе во армијата, а копнените сили на Русија ќе бидат првите во светот што ќе добијат нова генерација тенкови, забележува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче