Која особеност на тенкот „Армата“ ги импресионираше авторите на „Национален Интерес“?

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net
Креаторите на беспилотната верзија на рускиот тенк Т-14 „Армата“ успеаја да го решат проблемот, својствен на секое возило контролирано од далечина. Ова е мислењето на американскиот публицист Питер Сучиу, изразен во написот за „Национален Интерес“.

Претходно се дозна дека најновиот руски тенк Т-14 „Армата“ ги помина испитувањата во беспилотен режим, пишува РИА „Новости“.

Новинарот смета дека обезбедувањето технологија со „ситуациона свест“ е најважното прашање поврзано со далечински управуваните машини. Креаторите на Т-14 одговорија со тоа што поставија видео камери со широк агол на целиот труп на тенкот. Тие обезбедуваат преглед од 360 степени и ги пренесуваат податоците за „ситуациската состојба“ до екипажот.

Друга иновативна карактеристика на тенкот е куполата без екипаж. Вклучува далечински управувано 125-милиметарско главно орудие со мазна цевка 2A82-1M со целосно автоматизиран систем на полнење. Во „Национален Интерес“ експертот укажува на способноста на Т-14 да се движи со брзина од 90 км/час. Тој сугерира дека тоа го прави потенцијално помобилен од американскиот тенк М-1 „Абрамс“.

Се потенцира дека новиот руски тенк ќе може да врши извидувачки операции, како и да учествува во процесот на определување на целите и корекција на огнот на самоодните артилериски орудија, ракетните системи од типот „земја-воздух“ и дури и на тенковите Т-90.

Т-14 е единствениот тенк на светот од третата повоена генерација, кој е наменет за борба во директен контакт со непријателот, против фортифицирани објекти и непријателска жива сила, сместена во засолништа и на отворено.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња