ВИДЕО: „Армата“ спореден со основните борбени тенкови на НАТО

Скриншот
Авторот на јутјуб-каналот Binkov's Battlegrounds (Хрватска) објави детален видеопреглед во кој го споредува најновиот руски тенк Т-14 „Армата“ со најдобрите западни примероци - американскиот M1 Abrams, германскиот Leopard 2, британскиот Challenger 2 и францускиот AMX-56 Leclerc.

Споредбата на борбените возила се врши според показатели како што се оклопната заштита, огнената моќ, сензорите и уредите. Авторите чесно признаваат дека не нашле веродостојни информации за какви било аспекти на одделни тенкови во отворени извори (како што е, на пример, дебелината на челикот во страничниот оклоп на „Армата“) и во нивната компаративна анализа не ги вклучуваат тие компоненти, пишува „Росијскаја газета“.

Во видеото тие доаѓаат до заклучок дека според многу показатели Т-14 не отстапува или отстапува минимално во однос на западните тенкови, а според некои дури и ги надминува. На пример, орудието на „Армата“ денес е најмоќното во светот меѓу тенковите во сериско производство. Но, автоматот за полнење, според авторите, според брзината отстапува пред оние на Abrams и Leopard.

Екипажот на Т-14 е со еден човек помалку, што истовремено е и плус и минус. На тројца тенкисти им треба помалку простор, машината може да се направи полесна и покомпактна, обуката на екипажи е исто така поедноставена. Но, за поправка на тенкот на бојното поле, уште две раце не се излишни.

И Т-14 и тенковите на НАТО се способни да го пробијат оклопот на другите ако ги погодат најслабо заштитените делови на противникот или ако растојанието е доволно кратко. И обратно - при гаѓање од растојание поголемо од 2 км, погодокот во најдебелите делови на оклопот нема да доведе до смрт на ниеден од противниците. Но, во исто време, претпоставуваат авторите на каналот, борбата против други тенкови тешко дека ќе заземе централно место во модерната војна кога има многу други закани и предизвици.

Една од предностите на Т-14 во видеото е подвижноста и резервата на енергија. Американските тенкови Abrams заостануваат на тој план - нивните мотори се „поалчни“. Покрај тоа, „Армата“ е полесна за транспорт преку воздух, железница или море поради неговите габарити, а исто така е способен да ги помине повеќето мостови. Што се однесува до оклопната заштита, кај Т-14 таа е повеќе или помалку иста како и кај најдобрите тенкови на НАТО, но издржливоста на екипажот во руската машина е поголема.

Рускиот тенк може малку да заостанува според неговиот убоен ефект, бидејќи неговите уреди за откривање на целите не се споредливи со оние на НАТО во различни услови на видливост. Но, што се однесува до огнената моќ на бојното поле, Т-14 не е инфериорен во однос на никого.

Прочитајте повеќе: Кој е поголем: Рускиот „Армата” во споредба со другите современи тенкови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња