Т-16 одблизу: како изгледа најновиот руски БРЕМ? (ВИДЕО)

Новото оклопно ремонтно-евакуациско возило Т-16 на унифицираната гасенична платформа „Армата“, како што се очекува, ќе биде претставено на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“.

За време на посетата на 38 Научноистражувачки институт за тестирање оклопно вооружување и техника, на репортерите на „Росијскаја газета“ им беше покажан хангарот во кој се сервисира и ремонтира техниката што се тестира на полигонот.

Посетителите успеаја детално да ја разгледаат најмалку познатато до денес ново возило врз платформа „Армата“ – оклопното ремонтно-евакуациско возило Т -16. Тоа е наменето за евакуација и поправка на тенкови и БМП, вклучително и Т-14 и Т-15, во теренски услови. Од претходните генерации БРЕМ (рус. бронированная ремонтно-эвакуационная машина) се разликува со присуство на манипулатор што може да подигне до 1,5 тони маса, како и со зголемена висина и носивост на кранот.

Во состав на специјалната опрема на новиот БРЕМ, покрај манипулаторот и кранот, влегуваат и главен чекрк, помошен чекрк, товарна платформа, копач-булдожер, средства за влечење, комплет резервни делови, комплет алатки итн.

БРЕМ Т-16 е во состојба не само да евакуира оштетената техника под непријателски оган, туку и да повлече заглавени или потонати предмети, да порамнува терен, да обезбеди форсирање на водени пречки и сл.

Тестаторите велат дека новиот БРЕМ е многу поудобен од старите. Прво, има повеќе простор внатре. Тоа не само што ја олеснува работата на екипажот, туку исто така овозможува, на пример, да се евакуираат ранетите членови на екипажите на погодени возила. Второ, опремен е не со клима-уред, туку со климатроник, што овозможува да се регулира неопходната температурата што ја бара екипажот. Трето, во БРЕМ е предвидено место за загревање вода и храна во случај на екипажот да му се наложи да остане во возилото без да излегува надвор. Евакуација на оштетена техника може да се изврши и без да се напушти Т-16.

Во разговор со претставник на фабриката-производител, станува јасно дека возилото веќе работело одлично за време на тестирањата. Модуларната конструкција на платформата „Армата“ овозможи значително забрзување на обновувањето на борбената способност на возилото на бојното поле. Така, на пример, за време на тестирањата, Т-16 замени мотор на тенкот. За таа цел, новиот погон беше прикачен на БРЕМ и испратен до условно оштетен тенк. На лице место екипажот на БРЕМ го отстрани стариот мотор и на негово место го стави новиот. Потоа стариот беше натоварен на БРЕМ и однесен. Целата операција траеше околу еден час, што само по себе е големо достигнување во споредба со техниката од претходните генерации.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња