Сам нишани: Што сé умее вештачката интелигенција на тенкот „Армата“?

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Сериската испорака на тенкот Т-14 „Армата“ почнува во 2021 година. Верзијата на тенкот без екипаж нема да влезе во сериско производство, но на вештачката интелигенција ѝ се доверени важни функции, на пример, наведување на оружјето.

„Сериската испорака на тенкот Т-14 почнува во 2021 година. Денес тоа е несомнено најдобриот тенк на светот. Во перспектива тој ќе стане основниот тенк на руската армија“, изјави за агенцијата „Интерфакс“ шефот на корпорацијата „Ростех“ Сергеј Чемезов.

Верзија на тенкот без екипаж постои, но таа ќе остане на експериментален примерок кој ќе служи за развој на нови технологии. „Платформата  „Армата“ се користи првенствено како техника со која управува екипаж“, соопшти Чемезов.

Па сепак, во тенкот Т-14 дури и со екипаж има работа за вештачката интелигенција. Нејзе, на пример, ѝ е доверено наведувањето на топот.

„Екипажот нема потреба да нишани, доволно е да го укаже правецот кон целта, а понатаму системот сé ќе одработи автоматски: ќе го одреди точното растојание до целта и ќе го насочи орудието врз него. Со таа цел во тенкот се применуваат елементи на вештачка интелигенција“, објасни шефот на „Ростех“.

Тенкот Т-14 „Армата“ е првата борбена машина од третата повоена генерација. Од класичните тенкови најмногу се разликува по куполата без екипаж и далечинското управување со оружјето. Сега Т-14 се тестира во единиците на руската армија. Новата техника прва ќе ја добие гардиската тенковска армија во Подмосковје.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња