Тенкови за народот: Како е создаден тенковскиот музеј во Кубинка

patriotp.ru
Во јули 1931 година во подмосковскиот град Кубинка официјално започна со работа автотракторотенкодромот на Управата за моторизирана механизација на Работничко-селанската Црвена армија (РСЦА). Тогаш не се зборуваше за научна работа. Беше планирано само тестирање и финиширање на возилата, оклопните транспортери, тракторите и тенковите кои ќе влезат во вооружувањето на РСЦА.

А веќе на први август е издаден Указот бр.180 на Комитетот за одбрана при Советот на народни комесари на Сојузот на ССР „За користење на стари тенкови од несериско производство кои веќе се наоѓаат во Работничко-селанската Црвена армија“. Со овој указ е удрен камен-темелникот за создавање на единствениот во светот според неговата колекција оклопна техника Музеј со големо М.

Далековидоста на Комитетот за одбрана на Советот на народни комесари на СССР е повеќе од изненадувачка. Воспоставено е мислењето дека во тоа време е уништувано сé што не се вклопувало во некој државен концепт. Па така, според логиката на нештата, старите тенкови што не влегоа во сериско производство требаше да бидат претопени. Меѓутоа, тоа не се случи. Одлучено е да се зачуваат за идните генерации производители на тенкови и целиот советски народ.

Еве што точно пишуваше во делот на споменатиот Указ.

„Точка 2. Да се формира на тенковскиот полигон на Управата за оклопни возила на Работничко-селанската Црвена армија Музеј на борбени возила (тенкови, оклопни возила и самоодни орудија). Да се издвојат за организација на Музејот од фондовите на Народниот комесаријат за одбрана 50 илјади рубли и да му се дадат на Музејот: Рикардо - 1 парче, Т-41- 2 парчиња, ПТ-1 - 1 парче, Т-43 - 1 парче, Викерс 12 тн - 2 парчиња, Карден-Лојд - 2 парчиња, транспортер Т-26 - 1 парче, Цистерна Т -26 - 1 парче (и уште осум примероци оклопна техника).

Во април 1941 година на списокот музејски возила имаше деветнаесет единици оклопна техника. Меѓутоа, тоа во никој случај не значи дека сите ретки примероци се сочувани до денес. Втората светска војна не ја поштеди ни Кубинка.

Сепак, тест-возачите на тенкови кои вршеа тестирања зачуваа дел од предвоената збирка, а по војна и значително ја зголемија. Во Кубинка е комплетирана речиси целата оклопна техника што се произведуваше во во нацистичка Германија и сојузничките земји. Само во Русија е сочуван германскиот супертежок тенк „Маус“, а во одлична состојба се и „Пантерите“, „Тигрите“ и „Кралските тигри“.

Индикативно е дека неколку „Кралски тигри“ донесоа во Кубинка тенкистите кои вршеа тестирање на возилата. Беше планирано да бидат гаѓани безмилосно, во потрага по слаби точки. И така беше. Меѓутоа, неколку германски тешки тенкови се зачувани во целост. Со години по завршувањето на Втората светска војна тие беа во возна состојба.

На Денот на тенкистот, 10 мај 1972 година, Музејот ги отвори вратите за јавноста. Присутните на отворањето беа импресионирани од листата на поставката. Постоеше можност да му се приближите и да го допрете оклопот на германските ѕверови кои ја нападнаа Москва 1941 година, се бореа со подоцнежните победници на Курската превлака и режеа во мај 1945 година во Берлин. Но, исто така, да се допрат возилата што ја кршеа оклопната моќ на обединета Европа, која јурна кон просторот на СССР, поточно Русија. Битката се одвиваше на просторот на стара Русија која отсекогаш привлекувала непријатели кои, како по правило, секогаш страдаа тука. Во Музејот во Кубинка се сместени примероци на унгарски, полски и чешки оклопни возила кои некогаш итаа во ист строј со нацистичкиот Вермахт.

Долго време Музејот во Кубинка беше затворен за посетители, отворајќи ги вратите еднаш годишно, во септември, на Денот на тенкистот. Сега се вика Технички центар на Паркот „Патриот“. Постојат практично две поставки, од кои едната се наоѓа во паркот „Патриот“, а другата во самата Кубинка. До тенковскиот Музеј може да се дојде само преку паркот „Патриот“. На неговиот веб-сајт можете да дознаете како да ја посетите целата изложба на оклопна техника.

Во Музејот се наоѓаат бројни постојат бројни ретки примероци на оклопна техника, вклучувајќи ги и оригиналните. Меѓу нив е и еден од најмоќните тенкови на светот ИС-7, потоа тенкот без конкуренција Т-90БВ со топ ЛП-83 со калибар 155 мм („Објект 292“), погодени и заробени во блискоисточниот конфликт израелски тенкови од американско производство и многу други уникатни возила.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња