Австралиски научници со пофалби за вакцината „Спутник V“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ниту една од земјите во кои се користи вакцината против коронавирус „Спутник V“ не пријавила проблеми, изјавуваат австралиски научници.

Брзото создавање на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ не претставува повод за сомневање во нејзината ефикасност, нејзината ефикасност е поголема од 92% во спречувањето на КОВИД-19, изјавуваат австралиски научници во интервју за „Сидни Морнинг Хералд“.

Така, според професор Мајкл Тул од Медицинскиот институт за истражување „Барнет“, „Спутник V“ претставува одлична вакцина и е на исто ниво со западните вакцини развиени со употреба на mRNA технологија.

Во исто време, брзото создавање на вакцината не е причина за сомневање во нејзината ефикасност, бидејќи креаторите веќе имаа база на вакцини против МЕРС и САРС. Покрај тоа, ниту една од земјите во кои се користи лекот не пријавила проблеми, додава Тул.

Вирологот Гери Громан, кој е консултант на Светската здравствена организација, исто така ја фали вакцината.

„Спутник“ е многу добра вакцина и тоа е врз основа како на резултатите од тестирањата, така и врз основа на реалните податоци“, вели тој.

На 8 јули во статија на списанието „Nature“ под наслов „Растечки број на докази дека вакцината „Спутник“ против КОВИД-19 е безбедна и ефикасна“ беше соопштено дека во сите земји кои го користат рускиот препарат кај вакцинираните нема случаи на згрутчување на крвта, пишува „Известија“.

Прочитајте повеќе: Што сè се знае за руската вакцина Спутник 5 по написот во медицинското списание Лансет?