Ефикасноста на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ делува многу охрабрувачки, а во случај на мутација на вирусот нема да биде проблем производителот да го прилагоди препаратот на новата состојба. Такво мислење во разговор со дописник на агенцијата ТАСС во четвртокот изнесе добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина, австралискиот виролот Питер Доерти.
„Ефикасноста [на вакцината „Спутник V“] е поголема од 90%, што е извонредно, а покрај тоа Русија има повеќедецениско искуство во создавањето квалитетни вакцини. Стратегијата на примена на два аденовисурсни вектори има смисла, а таа е, колку што разбирам, искористена во „Спутник“. Се разбира, ако вирусот значително се измени поради мутација – а судејќи според сé, тој е сега во процес на трансформација - [творците на вакцината] ќе мораат малку да го „поправат“ препаратот, но тоа нема да биде тешко“, рече Доерти.
Вирологот исто така истакна дека и компаниите Janssen и AstraZeneca во создавањето на своите вакцини ја користеле стратегијата на примена на два аденовирусни вектори.
Питер Чарлс Доерти е австралиски научник, виролог и имунолог. Во 1996 година ја доби Нобеловата награда за физиологија и медицина за откритијата во областа на човечкиот имун систем, поврзани со способноста на тој систем да ги открива клетките што ги нападнал вирус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче