ЕУ почнува со експертиза на вакцината „Спутник V“

Keystone Press Agency/Global Look Press
Европските експерти во скратен временски рок ќе го проверат препаратот за усогласеност со стандардите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет.

Европската агенција за лекови (EMA) почна со експертиза на досието за регистрација на вакцината против коронавирус „Спутник V“, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции“ (РФПИ), пренесува РИА „Новости“.

Експертите ќе го проверат препаратот за усогласеност со стандардите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет.

Соодветната пријава фондот ја поднесе уште на 29 јануари.

Како што се истакнува во изјавата на ЕМА, регулаторот планира да изврши процена на вакцината во скратен временски рок, меѓутоа засега не наведува точен датум.

Притоа од агенцијата потенцираат дека ќе ги спроведат сите процедури неопходни за експертиза.

Во документот исто така се наведува дека одлуката за почеток на експертизата е донесена врз основа на резултатите од лабораториските и клиничките испитувања.

„Постепената експертиза ќе трае сé додека не биде собрана доволна количина докази за поднесување на официјална пријава за добивање регистрациско уверение“, се истакнува во изјавата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња