На Денот на Воздушно-десантните сили руската „крилата пешадија“ демонстрираше борбена опрема и обука

Виталиј Тимкив/Sputnik
По повод 91-годишнината од формирањето на Воздушно-десантните сили, на полигонот во подмосковскиот град Алабино беше приредена воено-спортска манифестација на која се одржа динамичен приказ на воената техника на меѓу народот исклучително популарните „десантники“ и нивен настап. На припадниците на елитниот род на руската војска празникот им го честиташе министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Беспрекорни борбени вештини, непоколеблива сила на духот и извршување на задачите по секоја цена – така припадниците на Воздушно-десантните единици на руската војска ги опиша министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Од „десантниките“ се очекува постојано да учат нешто ново. Паркот на техника непрестајно се обновува. И падобраните секоја година се нови. Со некои може да се изврши десант и од десет илјади метри височина. А БМД и БТР, кои на почетокот на снимката се движат во ритамот на валцер, вниманието на гледачите го држат со магијата на огнот. Во рок од неколку минути уништуваат десетици цели потсетувајќи во колкава мера брзо и елегантно може да биде организирана одбрана, доколку притреба.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња