Обуката се одржа во Костромската област. Падобранците и техниката се кренаа на небото со воено-транспортни авиони Ил-76, десантирањето беше извршено со брзина поголема од 360 км/час, интервалот на напуштање на леталото од страна на војниците беше 0,7 секунди, пишува „Росијскаја газета“.
Заедно со падобранците со падобрански системи во дадената област беа исфрлени и борбени возила БДМ-4М. Според многу нешта тие се унифицирани со БМП-3 - имаат хидропневматска суспензија со променлив клиренс и бесшумен режим на електромоторот. Борбеното десантно возило е вооружено со два топа од 30 и 100 мм, четири противтенковски наведувани ракети и пушкомитралез.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче