Лесниот пловечки тенк „Спрут-СДМ1“ успешно ги помина испитувањата во вода, пишува 5-tv. Техниката покажа неверојатни перформанси за движење во водна средина.
„Машината е способна да решава сложени тактички задачи како извидување, работа во состав на јуришни или фронтовски одреди, маневарска одбрана, форсирање водни бариери, морски десантни операции, контрола на територијата“, изјавија претставници на „Ростех“.
Во државната корпорација се уверени дека разработката ќе предизвика интерес не само кај руската војска, туку и кај нивните странски партнери, вклучително и земјите од Азија и на Блискиот Исток.
Следната фаза од испитувањата на „Спрут“ ќе се одржи наесен. Тогаш екипажот ќе реализира гаѓање од вода, поминувајќи најмалку 8000 км – толкава е гаранцијата за погонскиот дел на машината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче