„АвтоВАЗ“ најави производство на автомобили на „гориво на иднината“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Фабриката „АвтоВАЗ“ планира производство на автомобили кои ќе користат алтернативни видови гориво, меѓу другото и возила со хибридни мотори и електрични автомобили со акумулатори.

Плановите на концернот ги изложи неговиот раководител Никола Мор, пренесува ТАСС.

„Преоѓаме на нова платформа која до 2027-2028 ќе ни овозможи да произведуваме автомобили на бензин и метан, како и хибриди и електромобили“, истакна Мор.

Тој исто така ги спомена можностите на моделот Lada Vesta CNG кој се произведува од 2017 година. Овој автомобил како гориво може да користи и бензин и метан.

Претходниот директор на компанијата Ив Каракатзанис изјави дека „АвтоВАЗ“ нема да произведува електромобили сé додека тие не станат достапни во Русија.

Во мај 2021 година раководството на „АвтоВАЗ“ изјави дека нема да се натпреварува со „Тесла“. Таа изјава следеше по настапот на основачот на американската компанија Илон Маск во кој тој рече дека постои можност за отварање на производство во Русија.