„АвтоВАЗ“ почна да произведува Lada Vesta со дуално гориво

„АвтоВАЗ“ почна со производство на верзија на Lada Vesta со дуално гориво, соопшти прес-службата на компанијата.

„Првпат во историјата на брендот дилерите ќе добијат автомобил со сериска гасна инсталација, наменета за употреба на компримиран природен гас“, се вели во соопштението за медиумите на „АвтоВАЗ“ што го пренесува РИА „Новости“.

Како што раскажаа од компанијата, Lada Vesta CNG може да работи како на бензин, така и на метан. Дизајнерите се сигурни дека метанот е најбезбедно, најеколошко и најевтино гориво и неговата употреба го зголемува животниот век на моторот и ги намалува трошоците за гориво повеќе од три пати. Покрај тоа, овој гас во случај на течење брзо исчезнува во атмосферата, со што се намалува ризикот од пожар.

Во новата верзија на автомобилот се користат метал-композитна боца за гас со капацитет од 90 литри, се наоѓа во багажникот и може да се наполни со 18 кубни метри гас. Боцата има вграден осигурувач и високобрзински вентил кои не ѝ дозволуваат да експлодира, а исто така го спречуваат истекувањето на метанот при оштетување на цевководот за гас.

Верзија на Lada Vesta со дуално гориво може да помине повеќе од илјада километри без да има потреба од дополнување на гориво. Кога ќе снема гас, моторот автоматски се префрлува на бензин, а префрлувањето на другото гориво исто така може да биде и рачно. Првите автомобили Lada Vesta CNG, произведени во мај, во најскоро време ќе им бидат достапни за тестирање на потенцијалните корпоративни клиенти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња