„АвтоВАЗ“ почнува да прави поскапи автомобили

Министерство за индустрија и трговија на Руската Федерација
Фабриката „АвтоВАЗ“ од 2023 година ќе произведува автомобил Lada кој ќе чини над еден милион рубли.

Компанијата „АвтоВАЗ“ планира во наредните пет години да претстави нови модели на Lada и со нивна помош да го подигне брендот во повисока ценовна категорија, „далеку над еден милион рубли“, изјави директорот на компанијата Никола Мор.

„Од 2023 до 2026 година ќе влегуваме во циклус на обновување на линијата модели. <...> Lada нема да биде само многу достапен бренд за потрошувачите, туку и бренд кој на потрошувачите им нуди добри карактеристики за соодветна сума“, изјави тој.

Мор прецизира дека „АвтоВАЗ“ ќе ги задржи во својата линија и моделите од понизок ценовен ранг.

Тој исто така посочи дека компанијата врши длабинска модернизација на своите производствени погони. „Тоа се однесува на производството во Толјати и во Ижевск, а исто така се однесува и на модернизацијата на нашето техничко биро“, истакна топ-менаџерот. Имено, претходно беше најавено премин на производството на единствена платформа за склопување на Renault-Nissan CMF-B.

Според плановите објавени на почетокот на годината, „АвтоВАЗ“ ќе лансира четири нови модели на автомобили на рускиот пазар. Тие треба да се појават на пазарот до 2025 година, со тоа што новата генерација на теренското возило Niva треба да се појави во 2024 година.

„АвтоВАЗ“ произведува автомобили во полн циклус, како и делови за брендовите Lada и Renault. Погоните се наоѓаат во градот Толјати („АвтоВАЗ“, „Lada Запад Тольятти“) и Ижевск („Lada Ижевск“). Производството на марката Lada се состои од пет автомобили: Vesta, Xray, Largus, Granta и Niva. Ова е водечкиот бренд на рускиот пазар на автомобили со удел од над 20%, а има претставништва и во над 20 земји. Во 2020 година компанијата пласираше 343500 автомобили на рускиот пазар (за пет проценти помалку отколку во 2019 година).


При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња