Церемонија на прием на малиот поморски танкер „Вицеадмирал Паромов“ во составот на Црноморската флота на Руската Федерација.
Сергеј Малгавко/TASSБорбената моќ на секоја земја директно зависи од вооружените бродови и подморници, но дури и на најмоќните и најмодерни воени бродови им се потребни „помошници“. Запознајте ги двата најнови брода на Воената морнарица на Русија, чие примопредавање беше извршено во 2020 и 2021 година.
Во бродоградилиштето „Вимпел“ на 1 јуни се одржа церемонија на спуштање во вода на поморскиот транспорт на вооружување – проектот 20360М, со фабрички број 01551 „Генадиј Дмитриев“. Тоа е најголемиот брод во историјата на претпријатието. Моменталната тежина на трупот на бродот е 2200 тони.
Бродоградилиште „Вимпел“Еден од најновите бродови на руската морнарица е „Генадиј Дмитриев“ од проектот 20360М, наменет за транспорт на муниција што ја користат воените бродови.
Висок е како четирикатна зграда, тежок околу 2200 тони, со стандарден депласман од 3205 тони.
Бродот е долг 77,8 метри, широк 15,8 метри и има газ од 4 метри. Неговата брзина на крстарење е 12 јазли. Може непрекинато да плови 3000 наутички милји (околу 5500 км). Според податоците што ги изнесува производителот, „Генадиј Дмитриев“ има 180 простории, а должината на каблите спроведени во бродот би била доволна да се спроведе линија од Рибинск до Јарослављ и назад (околу 174 километри).
„Генадиј Дмитриев“ ќе превезува муниција како за военопоморските бази, така и за бродовите што веќе се наоѓаат на отворено море.
Според воениот експерт, капетан прва класа Василиј Дадикин, според функционалните можности овој брод може да биде конкуренција на странските бродови од ист ранг.
За разлика од сличните бродови, „Генадиј Дмитриев“ има зајакнат труп за кршење на мраз, двојно дно и двојни страни. Има два товарни отсека, платформа за товарење и истовар на товарни контејнери, кран со носивост од 20 тони и писта за хеликоптери на носот.
Тој посочи дека овој брод, како и сите нови џиновски пловила во Русија е правен да може да плови и по Арктикот, преку мраз со дебелина од неколку метри.
Церемонија на прием на малиот поморски танкер „Вицеадмирал Паромов“ во составот на Црноморската флота на Руската Федерација.
Сергеј Малгавко/TASSМодерните помошни бродови се мултифункционални. Еден од нив, малиот морски танкер „Вицеадмирал Паромов“, беше предаден на Црноморската флота на 7 јуни 2021 година. Проектот 03182 со ознака „Платформа-Арктик“ е направен од Зеленодолското конструкторско биро. Министерството за одбрана на РФ во 2014 и 2015 година нарача четири такви танкери за Црноморската и Тихоокеанската флота.
Новиот танкер има класа мраз Arc-4, што значи дека може да плови низ мраз со дебелина од 1 метар. Бродот е долг 75 метри, широк 15,4 метри, има депласман од 3500 тони и може непрекинато да плови 1500 наутички милји (околу 2800 км).
Старите транспортни баржи и танкери од 1980-тите беа наменети само за еден вид товар, т.е. за гориво. „Вицеадмирал Паромов“ ќе ги транспортирар сите видови товар во течна состојба: морски мазут, дизел и авионско гориво, како и свежа вода. Во случај на потреба, бродот може да учествува и во операции за спасување и да чисти води од загадување.
Според податоците дадени од производителот, хеликоптерската писта на танкерот „Вицеадмирал Паромов“ може да прими хеликоптери од класата Ка-27, како и беспилотни летала. Пловилото има електрични пропелери и азимутски потисник, што му дава големи маневарски можности и го олеснува управувањето, дури и за време на бура.
Минатата година, судејќи според прилозите на списанието „Материјално-техничкото обезбедување на вооружените сили на Руската Федерација“, помошните бродови поминале вкупно околу 500000 наутички милји (околу 900000 км), 211 пати снабдувале бродови и пловила во далечните морски зони и во рамките на тие пловидби им доставиле на бродовите преку 337 тони товар. Покрај тоа, биле извршени над 13000 испораки по копно и море, а 183 испораки по заледено море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче