Активностите на ракетниот крстосувач „Москва“ од неутрални води ги следеше F-35B од британскиот носач на авиони „Кралица Елизабета“, што на руските војници не им пречеше во извршувањето на поставените задачи.
Во првиот дел на маневрите, како што соопштува веснико „Краснаја звезда“, екипажите на бродовите вежбаа задачи поврзани со одбивање на напади од воздух, а ја вежбаа и противвоздушната одбрана на воздухопловната база Хмејмим и на пристаништето Тартус. Во воената вежба учествуваше ракетниот крстосувач „Москва“, како и фрегатите „Адмирал Есен“ и „Адмирал Макаров“, како и подморниците „Стари Оскол“ и „Ростов на Дон“.
Според Антон Круглов, постар заменик-командир на фрегатата „Адмирал Макаров“, посебно внимание му беше посветено на спротивставување на авионите, хеликоптерите и беспилотните летала на условниот непријател.
Маневрирањето на бродовите беше реализирано во соработка со противбродскиот авион Ил-38, а операцијата ја покриваа од воздух ловци Су-35 и ловци-бомбардери Су-34. Во извидничките акции учествуваше противбродскиот хеликоптер Ка-27, базиран на фрегатата „Адмирал Макаров“.
Во втората фаза на маневрите, во „битката“ се вклучија стратешки бомбардери Ту-22М3 и ловци МиГ-31К наоружани со хиперсонични ракети „Кинжал“.
„Во рамките на маневрите беа изведени два лета на МиГ-31К во водите на Средоземното море, каде што изведовме две тактички лансирања на ракети врз цели на условниот непријател. Задачите беа успешно извршени, опремата функционираше одлично“, истакна командирот на еден авион МиГ-31К.
Примената на авионите Миг-31К и стратешките бомбардери Ту-22М3 беше овозможена благодарение на реконструкцијата на пистата на аеродромот Хмејмим.
„Новата писта дава можност на аеродромот Хмејмим да се префрлуваат сите видови оружје и техника и во целина максимално да се прошируваат можностите за примена на Воздушно-космичките сили“, изјави командантот на стратешката авијација, генерал-потполковник Сергеј Кобилаш.
Сега на екипажите на руската стратешка авијација и најновите носачи на ракетно вооружување им се даде одлична можност да вежбаат практични дејствија во воздушниот простор над водите на Средоземното море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче