Списанието Military Watch го оценува вооружувањето на британскиот разурнувач од класата Type 45 HMS Defender и рускиот бомбардер Су-24М. Претходно, откако бродот ја повреди морската граница на Руската Федерација кај ‘ртот Фиолент, авионот фрли четири бомби ОФАБ-250 во непосредна близина на бродот.
Авторот забележува дека разурнувачите од типот 45 се едни од најслабо вооружените во својата класа. Секој брод има вкупно 48 вертикални лансери, од кои секоја е наменета само за ракети од класата „земја-воздух“. Радарското вооружување на овие разурнувачи се смета за нивна најстрашна карактеристика, и покрај тоа што е помалку моќно од она на конкурентските бродови како американскиот „Зумвалт“, јапонскиот „Маја“ или кинескиот „055“. Па сепак, тоа им овозможува да ги следат руските воени вежби во близина Крим, како и да добиваат информации за цели длабоко на територијата на Крим, пишува „Росијскаја газета“.
Су-24М е најмоќниот фронтовски бомбардер од советската епоха и оттогаш претрпе значителни надградби. Може да користи противбродски ракети Х-31, како и антирадарски ракети, како што е Х-58. Ракетата Х-31 лета со брзина над 3 Маха и може да разбие на половина дури и големи воени бродови.
Бидејќи секој Су-24М е вооружен со неколку такви ракети и гаѓа од големи растојанија, против кои противвоздушната одбрана на „Дифендер“ нема да биде особено ефикасна, руските авиони можат да претставуваат сериозна закана за овие бродови, дури и во ограничен број.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче