Руските радари денес, како што се наведува, открија воздушна цел над Охотското море која се приближуваше до државната граница на Руската Федерација.
„Со цел идентификација на воздушната мета и спречување повреда на државната граница на РФ, подигнат е ловец Су-30СМ од дежурните сили на ПВО на Источниот воен округ. Екипажот на рускиот ловец ја идентификуваше метата како стратешки извидувачки авион РЦ-135 на американското воено воздухопловство и го придружуваше над водите на Охотско море“, се вели во соопштението.
Авионот-ловец се врати на матичниот аеродром откако странското воено леталот се оддалечи од руската граница, соопшти Центарот.
Како што се истакнува, „беше спречена повреда на државната граница на Руската Федерација“. Летот на рускиот ловец е изведен во согласност со меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, наведува Центарот.
Црноморската флота на Русија во соработка со Пограничната служба на ФСБ претходно истрела три предупредувачки истрели со цел да спречи британскиот разурнувач да ја повреди државната граница на РФ. Британскиот разурнувач најпрво беше предупреден дека ќе биде употребено оружје доколку ги повреди границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не реагираше на тоа предупредување, наведе Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче