ВИДЕО: Погледнете го предупредувањето за британскиот разурнувач „Дифендер“ од палубата на бродот

Се појави репортажа на дописникот на Би-би-си Џонатан Бил, кој се наоѓаше на палубата на разурнувачот „Дифендер“ за време на вчерашниот инцидент покрај бреговите на Крим. На почетокот може да се види дека членовите на екипажот ги полнат артилериските орудија и ракетните системи на бродот. Потоа во кадарот се појавува руски патролен брод кој го брка британскиот разурнувач. Во еден момент тој му се приближува максимално блиску, пишува „Росијскаја газета“.

Јасно се гледа како покрај разурнувачот летаат бомбардери Су-24. Еден од морнарите признава во разговор со дописникот дека авионите изгледаат заканувачки. Во репортажата го има и обраќањето на руските граничари до екипажот на англиски јазик. Тие инсистираат да се напушти зоната и предупредуваат дека во спротивно ќе отворат оган.

Значајно е тоа што морнарите веднаш потоа ставаат бели маски и ракавици, или како што ги нарекуваат во британската морнарица - Protective Face Shield FROG (заштитни огноотпорни маски). Тие се користат во случај на опасност од пожар на пловилото.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња