Изумот го доби овој назив: универзален, безинерцијален, автоматски срелечки систем со густа стрелба, автомат „СКАТ“.
Новото оружје не дејствува по иста шема како останатите автомати и митралези. Во моментот на истрелување енергијата на барутните гасови се троши на забрзување на куршумот по должината на целата цевка, не сметајќи ја загубата на енергија која може да се спореди со трилиниската пушка на конструкторот Сергеј Мосин.
Потоа, како што објаснува пронаоѓачот за магазинот „Армиски стандард“, на сцената стапува и друг физички принцип, а тоа е дејството на импулсот енергија на динамичниот удар на барутните гасови. Конструкторот не открива други детали стравувајќи дека некој ќе му ја украде идејата. За пронајдокот веќе доби четири патенти и низа експертски заклучоци.
Во моментов се знае дека автоматот „Скат“ ќе биде оружје со мазна цевка со калибар 12 и пречник 18,2 мм. На списокот со можна муниција се термобарички, експлозивни и гравитациски проектили, шрапнели, па дури и противтенковски пушчени мини. Гаѓањето ќе биде ефикасно на дистанца од 500 метри.
Иновативниот автомат СКАТ засега постои само на хартија, бидејќи во Русија на приватните лица им е забрането да прават или модернизираат оружје и муниција без соодветните лиценци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче