Концернот „Калашников“ направи автомат со мазна цевка со карактеристики на борбениот модел АК. Новата автоматска пушка за цивили се вика TG 2. Направена е за домашната муниција .366 ТКМ.
Новиот „Калашников“ има потполно исти контури како АК-103. Разликата е само во муницијата. АК-103 користи советска муниција со калибар 7,62х39 мм, а новиот TG 2 муниција .366 ТКМ.
„Зрното во ТКМ е 25% потешко од 7,62х39. Погодно е за лов на дивеч со средна големина“, изјави за порталот Russia Beyond воениот аналитичар Дмитриј Сафонов.
Однадвор разликата меѓу TG 2 и АК-103 се сведува на осигурувачот. Новиот карабин има можност за брзо ракување и префрлување од безбеден во борбен режим.
„Кај класичната варијанта би морале да ја симнете раката од пиштолскиот ракофат за да го дофатите осигурувачот. Кај новата верзија тоа прашање е ергономично решено“, истакна експертот.
TG 2 има преден ракофат со Пикатини шини. Основната верзија е мошне едноставна, нема никакви специјални додатоци, сложени технички решенија или необични материјали. Направена е од полимер отпорен на удари и овозможува на карабинот да се намести минимум дополнителна опрема: тактички ракофат, лампа или ласерски обележувач на целта.
Новиот модел, како и АК-103, има склоплив кундак, исто така од полимер отпорен на удари. Тоа е мошне корисна функција, затоа што ги намалува габаритите на оружјето. Покрај тоа, цивилниот TG 2, за разлика од сите воени автомати од марката „Калашников“, не може да пука со склопен кундак, што е направено од безбедносни причини.
„TG 2 има лежиште за закачување разни нишани преку конзолата или дури за монтирање дополнителни Пикатини шини. Рамката на новиот карабин собира десет куршуми“, додава аналитичарот.
TG 2 е оружје со мазна цевка кое цивилно лице може легално да го купи штом добие лиценца за поседување оружје. Цевката е мазна затоа што нема жлебови, со исклучок на еден дел кој е долг 15 см, каде што има жлебови. Тие го завртуваат куршумот во цевката доволно да го стабилизираат и автоматот да има добра густина на огнот на иста дистанца како и военото оружје со жлебови. Со други зборови, добиваме оружје со мазна цевка со борбени показатели на оружје со жлебови“, рече за порталот Russia Beyond професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.
Според руските закони, класичен автомат „Калашников“ во Русија може да се купи дури по пет години беспрекорно поседување оружје со мазна цевка. Доколку не сакате да чекате пет години, можете да си купите TG 2.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче