Кое оружје го има конструирано Макаров освен прочуениот пиштол

Михаил Фетисов/Википедија; Виталиј Ањков/Sputnik; Pixabay
Артилериските оружја што се монтирани на сите воено-транспортни авиони, како и на првите противтенковски ракети со инфрацрвени глави за самонаведување, исто така ги има конструирано Макаров.

Главниот пиштол на оперативците во Советскиот Сојуз бил пиштолот Макаров. Тоа е најпознато, но не и единствено оружје што го има изумено овој прочуен конструктор. Во арсеналот на Макаров има уште неколку големи „цевки“ кои вреди да се погледнат.

Николај Фјодорович Макаров, советски конструктор на оружје. Херој на социјалистичкиот труд, добитник на Сталиновата награда и на Државната награда на СССР. Почесен граѓанин на Тулската област.

Артилерија за авиони

По Втората светска војна во советската армија се чувствувала голема потреба за модернизација. Еден од нејзините успешни правци било авијатичкото оружје зашто тоа морало да одговара на стандардите што се менуваат брзо. Тогаш веќе почнале да се појавуваат првите млазни авиони. За одбрана од нив биле потребни далекострелни топови и ракети.

Макаров пристапил на проектот на создавање артилериско оружје за авиони по својот триумф со пиштолот Макаров, направен кон средината на педесеттите години од минатиот век. Новиот авионски топ бил направен врз основа на митралезите кои претходно ги користеле транспортните хеликоптери Ми-4, како и првиот ловец на конструкторското биро „МиГ“.

Топови АМ-23 монтирани на авион Ту-142.

Новото оружје ја добило ознаката АМ-23 (по конструкторите Афанасјев и Макаров, и по калибарот од 23 милиметри). Автоматиката на овој топ функционирала според „традиционалниот“ советски принцип на враќање на ослободениот гас. Артилерискиот топ можел да испукува 1.200 проектили во минута.  Во конструкцијата на ова оружје за првпат е применет гасниот одбојник кој спречувал судир на металните делови ја зголемил енергијата на топот АМ=23 и со самото тоа придонел за подолг работен век на ова оружје.

Специјално за овој топ се направени нови проектили, панцирно-запаливи и распрскувачко-шрапнелни и запаливи, со цел уништувањето на непријателските авиони да биде уште поефикасно.

Топот се појавил кон крајот на педесеттите години од минатиот век и ѝ служел на советската армија четвртина век. Монтиран е како одбранбено оружје во опашката на гломазните воено-транспортни авиони и на џиновските бомбардери.

Меѓу нив биле бомбардерите Ту-16 и Ту-95, противподморничкиот авион Ту-142, транспортниот Ил-76 итн.

Противтенковски оружја

Кон средината на седумдесеттите години од минатиот век Макаров добил задача да создаде нов противтенковски систем (ПТУР), зашто тогашната „Маљутка“ (така се нарекувал првиот советски противтенковски ракетен систем) не можела да се мери со тенковите (ракетите на „Маљутка“ летале со брзина од два километри во минута, а за тоа време непријателскиот тенк можел да ја смени положбата и да се скрие).

Противтенковски систем 9K111 „Фагот“.

Макаров заедно со колегите создал противтенковски систем од новата генерација кој го добил називот „Фагот“. Во него, за разлика од претходните модели, човекот не управувал со летот на ракетата – новата ракета летала кон целта со помош на глава за инфрацрвено наведување, една од првите од овој тип на светот.

„Фагот“ бил пренослив систем. Го опслужувале тројца војници – двајца ги пренесувале гломазните противтенковски ракети на положбата, а третиот го носел оружјето. За поставување на „Фагот“ и за отворање оган потребни биле 30 секунди.

Благодарение на овој систем советските војници добиле можност брзо и ефикасно да ги ликвидираат непријателските тенкови и оклопната техника на растојание од 2.5 километри, и потоа незабележано да се повлечат од положбата и да се вратат во базата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња