„Циркон“ и „Посејдон“ ќе ѝ помогнат на Русија да го задржи статусот на суперсила

Слободан Ѓукиќ

Новите борбени системи - стратешкиот подводен дрон „Посејдон“ и хиперсоничната ракета „Циркон“ ќе ѝ овозможат на Русија да обезбеди национален суверенитет и да го задржи статусот на суперсила, пишува Focus.

Во услови на засилена конфронтација меѓу САД и Кина - вклучително и во вселената - Русија најде начин да ја зачува можноста за нуклеарно одвраќање. Без оглед на тоа што САД ги создадоа Вселенските сили за да ги можностите на својата противракетна одбрана, дронот „Посејдон“ ѝ дава на Русија можност гарантирано да нанесе возвратен нуклеарен удар од длабочините на океаните, пишува авторот на статијата, воениот експерт Томас Јегер.

Друго спектакуларно оружје на руската флота е хиперсоничната ракета „Циркон“, која за време на тестирањето во 2020 година достигна брзина од 6000 км/ч. Во моментов не постои одбрана од толку брзо оружје. Оваа ракета може да биде опремена и со нуклеарна боева глава и, иако нејзината главна цел е напад на бродови, „Циркон“ може да се користи и за уништување копнени цели, пренесува „Росијскаја газета“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња