Поради новото руско торпедо океанот повеќе не е сојузник на САД, ами нејзина слаба точка

„Посејдон“

„Посејдон“

Министерството за одбрана на Русија
„Посејдон“ е оружје кое создаде сосема нова перспектива на војната на стратешко ниво, вели Јаков Кедми, поранешен шеф на израелската служба „Натив“. Од руското суперторпедо кое може да уништи милионски крајбрежен град моментално не постои одбрана.

Откако Русија обелодени дека поседува ново торпедо под назив „Посејдон“ во светот започна да се шпекулира за можностите на новото оружје. Британските стручњаци го нарекоа „оружје на судниот ден“. Сигналот за аларм за првпат се појави во 2016 година, меѓутоа во тоа време се шпекулираше за реалните можности на новото руско „чудо“ од оружје. Денес престана да се шпекулира. „Посејдон“ според Јаков Кедми, поранешен шеф на израелската служба „Натив“, е оружјето кое отвори сосема нова перспектива на војната на стратешко ниво, од кое моментално не постои одбрана, а еве и зошто.

Британските воени стручњаци први го нарекоа ова оружје „оружје на судниот ден“, а за тоа, според Јаков Кедми, секако постои причина. Пристапот кон развојот на ова оружје е целосно револуционерен. Торпедото се движи на нуклеарен погон и неговиот теоретски дострел под вода изнесува од 10.000 километри до неограничен дострел. Брзината под вода изнесува 200 километри на час, што досега беше незамисливо. Длабочината на која торпедото може да се движи изнесува 1.000 километри, додека воените подморници од руско и од американско производство оперираат на максимална длабочина од 400 до 500 метри. Перспективата на употребата на ова оружје, според него е сосема јасна – против Америка. Соединетите Американски Држави од уништување и од воени незгоди ги штитеше океанот, така што во сите претходни војни можеа да бидат медијатори и учесници во судирот, додека нивната територија се развиваше. Океанот, меѓутоа, повеќе не е американски сојузник.

„Посејдон“

Според Кедми, торпедото може да носи боеви глави теоретски од 10, 20 до 50 мегатони и детонацијата пред источниот или западниот брег на Америка каде живее најголемиот дел од американската популација би можела да предизвика цунами од над 500 метри. Просечната височина на брановите во текот на земјотресот во Индискиот океан беше околу 16 метри, а максималната до 28 метри. Последиците би биле разорни. Цунамито предизвикано од торпедата „Посејдон“ би можело да уништи сè на својот пат по длабочина од 500 километри што би било крај за Америка. Главната причина зошто новото торпедо отвори ново поле за војување е што моментално од него не постои одбрана. За начинот на кој се управува со торпедото на далечина се шпекулира, додека сосема е јасно дека постои можност за програмирање на патеката. Кога станува збор за лоцирање на торпедото, за време на движењето со максимална брзина може да се регистрира од сателит, додека при минимална брзина тешко е да се открие и да се следи.

Дури и при лоцирањето на торпедото се поставува прашање со што би било пресретнато на длабочина од 1 километар со брзина од 200 километри на час и при употреба на лажни торпеда-роботи кои би се движеле во роеви. Пресретнувањето на ова торпедо е речиси невозможна мисија. Покрај предизвикувањето термонуклеарен удар и создавање цунами, може да предизвика и земјотрес со активација во близина на американскиот брег. Како и во првиот случај, американските градови на крајбрежјето кадешто живее најголемиот дел од популацијата би биле збришани. Настрана од апокалиптичното сценарио, новото торпедо има можност со нуклеарно полнење да уништи група од 20 бродови, а исто така и пристаништа и поморски бази.

Заклучокот на Јаков Кедми е кус. „Посејдон“ е новото чудо од оружје од кое моментално нема одбрана. Русија со новата технологија можеби е и децении пред американските или британските аналози кои се во развој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња