„Национален Интерес“ го нарече „Посејдон“ главното оружје за Судниот ден

Министерство за одбрана на РФ/Getty Images
Американското издание „Национален интерес“ го нарече рускиот беспилотен комплекс „Посејдон“ главното оружје за Судниот ден. Длабоководниот апарат на нуклеарен погон е во состојба да работи како торпедо со неограничен опсег, пишува весникот.

Повикувајќи се на руските медиуми, NI ги наведува перспективите за лансирање на нуклеарната подморница „Хабаровск“. Вториот носач на беспилотни подводни апарати „Посејдон“ се планира да биде спуштен во вода кон крајот на јуни, пишува „Росијскаја газета“.

Изданието ги споменува и извештаите на Пентагон кои го потврдуваат постоењето на „Посејдон“ уште од 2016 година. Во документите се вели дека апаратот е во состојба да носи нуклеарна боева глава со капацитет од 2 мегатони и да достигне брзина од 108 јазли под вода, што значително ги надминува перформансите на конвенционалните торпеда.

Беспилотниот комплекс може да уништува непријателска инфраструктура, ударни групи предводени од носач на авиони и други големи цели како военопоморски бази и дури и крајбрежни градови од економска важност, потсетува авторот на „Национален Интерес“ Питер Сучиу, автор на неколку книги на воена тематика.

Прочитајте повеќе: Што знаеме за новиот нуклеарен подводен дрон Посејдон?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња