Руското „торпедо на апокалипсата” ги уплаши американските експерти

Министерство за одбрана на Русија
Американскиот магазин Popular Mechanics објави текст за тестирањето на „торпедото наа апокалипсата” „Посејдон” што го изведе Русија. Експерти од САД го нарекуваат руското оружје застрашувачко, иако претходно искажуваа сомнеж во поглед на неговите квалитети.

Во текстот се наведува дека руските торпеда можат да поминат огромни растојанија во океанот. Покрај тоа, „Посејдон“ е опремен со термонуклеарно полнење кое може да предизвика цунами. Со него ова торпедо е во состојба да ги онеспособи крајбрежните објекти покривајќи ги со вода.

Американскиот магазин истакнува дека руските торпеда имаат нуклеарна боева глава со моќност од 100 мегатони, што е двојно повеќе од познатата „Цар-бомба“.

Авторите на текстот истакнуваат дека експертите повеќе пати претходно го исмевале „Посејдон“, сметајќи дека станува збор за блефирање на Русија. Сега, според нивното мислење, стана јасно дека „Русија има сериозен однос спрема ова апокалиптично оружје“. Притоа сепак изразуваат сомнеж дека Русија ќе направи 30 торпеда и четири подморници кои се потребни за нивен транспорт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња