Што мислат Бразилците за јуришниот хеликоптер Ми-35М?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Како што изјави за ТАСС портпаролот на Федералната служба за военотехничка соработка на Русија Валерија Решетникова, командата на бразилското Воено воздухопловство и летечкиот персонал високо ги ценат борбените квалитети и сигурноста на Ми-35М во операциите во исклучително тешки услови на амазонските тропски предели.

Командантот на 8-та ескадрила на бразилското Воено воздухопловство, мајор Ромуло Амарала, претходно изјави дека хеликоптерите Ми-35М може да слетаат на која било тврда површина со минимална копнена инфраструктура и без оглед на временските услови, што обезбедува постојано борбено покривање.

На 12 април холдингот „Хеликоптери на Русија“ соопшти дека бразилските Ми-35М ќе добија нови ремонтни групни комплети од Русија. Дел од леталата ќе бидат подложени на комплексно опслужување на територијата на Русија, а во моментов руската страна очекува Бразилците да потпишат пет дополнителни договори, како и да ги подготват документите на леталата за замена или поправка на нејзината територија.

Повеќенаменскиот хеликоптер Ми-35М е создаден врз база на серискиот Ми-24В и обезбедува деноноќно извршување на борбени задачи дури и при тешки временски услови. Хеликоптерот направен во Ростов на Дон може да лета во текот на денот на екстремно ниска висина од 10 м и со максимална брзина од 300 км/ч. Товарната кабина може да прими до осум падобранци, пишува „Росијскаја газета“.

Прочитајте повеќе: Петте најдобри руски хеликоптери на сите времиња