На интернет се појави необична видеоснимка од шлепување на хеликоптер Ми-35, извозна верзија Ми-24В. Однадвор исправното летало го остави Либиската националнa армија во предградие на Триполи.
Силы ПНС буксируют брошенный ЛНА вертолет в окрестностях Триполи. pic.twitter.com/DH2p4xOHwB
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) June 5, 2020
Владините трупи го закачија 11 тони тешкиот хеликоптер за пикап и се упатија во непознат правец. Целта на шлепувањето исто така не е позната. Неприлагоден за овој начин на движење, Ми-35 очајно се тетеравеше на тесниот пат, кревајќи прашина по работ.
Ми-24В е најчестата модификација на советскиот ударен хеликоптер наречен „летечки БМП“. Влезе во вооружувањето 1976 година, наоружан е со противтенковски наведувани ракети, блокови ненаведувани ракети, четирицевен митралез со голем калибар ЈакБ-12,7 на подвижна купола. Произведени се повеќе од илјада хеликоптери Ми-24В и Ми-35. Се наоѓа во вооружувањето на повеќе од 40 земји, од Бразил до Чешка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче