Петте најдобри руски хеликоптери на сите времиња

Ми-28 подготвен за лет.

Ми-28 подготвен за лет.

Министерство за одбрана на РФ
Повеќето од овие хеликоптери се направени со цел да сеат смрт, додека некои се користат во хуманитарни и спасувачки операции.

1. Ми-24 „Крокодил“

Јуришен хеликоптер Ми-24.

Прототипот на овој легендарен хеликоптер се појави во 1971 година. Интересно е што советските конструктори ја замислија оваа машина како хибрид на хеликоптер и пешадиско возило. Покрај заштитниот оклоп и вооружување, Ми-24 имаше простор за пешадија, која ја транспортираше на бојното поле. Можеше да прими 8 војници и да дава огнена поддршка на десант.

Десантните операции, меѓутоа, беа ретки, така што хеликоптерот почесто беше користен за напади врз непријателски трупи. Во земјите на НАТО е познат под називот „Хајнд“ (Hind), а неофицијално го носеше и називот „Крокодил“ поради сличноста со овој рептил.

Долга низа години хеликоптерот се користеше во многу конфликти ширум светот. Исто така, стана и еден од најпрепознатливите симболи на советската војна во Авганистан.

2. Ми-28 „Ноќен ловец“

Ми-28Н, Воено воздухопловство на Русија, 2013.

Првата машина од овој тип е направена 1987 година. Оттогаш на пазарот се појавија и неколку модернизирани верзии. Ми-28 е противтенковски јуришен хеликоптер кој функционира и дење и ноќе, во сите временски услови и затоа е наречен „Ноќен ловец“. За разлика од Ми-24, тој нема простор за транспорт на пешадија и може да прими само пилот и нишанџија.

Хеликоптерот може да носи ракети и проектили. Наоружан е со автоматски топ кој истрелува од 200 до 800 проектили во минута.

Извезуван е во Кенија, Алжир, Индија, Ирак и Венецуела.

3. Ка-52 „Алигатор“

Сериски Ка-52 во воздухопловната база Торжок.

Во текот на 1980-тите години, советските инженери во конструкторското биро „Камов“ го направија хеликоптерот-едносед Ка-50, попознат како „Црна ајкула“. Тоа беше револуционерен чекор од гледна точка на маневрирањето. Од друга страна, на еден пилот му беше тешко да управува со хеликоптерот.

Проблемот беше решен кога руските конструктори ја направија модифицираната верзија на овој хеликоптер Ка-52 и тоа веќе беше двосед. Сериското производство започна 2008 година. Ка-52 го доби прекарот „Алигатор“, погоден е за дневни и ноќни летови, како и за летови во тешки метеоролошки услови. Хеликоптерот има ист топ како и „Ноќниот ловец“.

4. Ми-8

Ми-8 на една од етапите на меѓународното воено натпреварување „Авиадартс-2020“.

Овој двотурбински хеликоптер е поголем од претходните модели на оваа листа. Ми-8 е транспортен хеликоптер, но се користи како во цивилни, така и во воени операции при што служи како команден пункт за падобрански десант, како вооружен борбен хеликоптер и како летало за извидување.

Ми-8 се произведува подолго од другите хеликоптери. Неговото сериско производство започна 1967 година и сè уште не е прекинато, така што овој хеликоптер е произведен во најголем број примероци во историјата на човештвото.

Бидејќи Ми-8 широко се користи во Русија и во странство, има безброј модификации и секоја е предвидена за конкретни цивилни или воени цели: за спасувачки операции, за поставување противпешадиски мини, транспорт на луѓе и товар итн.

5. Ми-26

Ми-26 на руското Воено воздухопловство во базата Торжок.

Ми-26 е најголемиот хеликоптер што некогаш бил во сериско производство. Овој мултифункционален хеликоптер се појави 1980 година, сè уште се произведува, и како и Ми-8, се користи како во цивилни, така и во воени операции.

Главната намена на овој хеликоптер е транспорт на голем товар. Кога се појави, ова џиновско летало го замени хеликоптерот Ми-6, кој до тој момент беше најголемиот на светот. Во споредба со својот претходник, новиот Ми-26 има двојно поголема кабина и може да носи 20 тони полезен товар.

Една од највпечатливите примени на овој хеликоптер беше за време на чернобилската катастрофа, кога беше брзо прилагоден за потребите за санирање на хаваријата на нуклеарната централа во Чернобил.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња