Руското Министерство за одбрана го одобри планот за модернизација на хеликоптерот Ми-35М

Ми-35М

Ми-35М

Слободан Ѓукиќ
Модернизираната верзија Ми-35МВ ќе има подобрена оклопна заштита, нови мотори, како и унапреден оптоелектронски систем за откривање и наведување ОПС-24Н1. Тука ќе се наоѓаат и специјалниот систем за заштита од лесни преносни ракетни средства „Президент-С“ и новиот радар.

Руското Министерство за одбрана донесе одлука за почеток на проектот за масовна модернизација на ударните хеликоптери Ми-35М „Крокодил“. Модернизираниот хеликоптер ќе ја носи ознаката Ми-35МВ, пренесува интернет-порталот topwar.ru.

Како што пренесува овој извор, донесена е одлука за отпочнување на програмата за модернизација на овој тип хеликоптери. Во овој момент во тек е подготовка на техничкиот нацрт кој ќе биде реализиран од тим воздухопловни конструктори. Меѓутоа, веќе е извесно дека на модернизираната верзија на хеликоптерот со ознаката Ми-35МВ ќе бидат интегрирани нова оклопна заштита, нови мотори, како и унапредениот оптоелектронски систем за откривање и наведување ОПС-24Н1. Покрај овие модификации, на телото на леталото ќе бидат монтирани и специјалниот систем за активна заштита од лесни преносни ракетни средства „Президент-С“ и нов радар.

За намерите за проширување на основниот пакет вооружување за овој хеликоптер засега нема навестувања. Хеликоптерот ќе добие и ново име - „Супер-крокодил“.

Одлуката за модернизација на ударниот хеликоптер Ми-35М беше донесена по проучувањето на борбените искуства од употребата на хеликоптерските единици во сириската кампања. Пред почетокот на оваа кампања, руското Министерство за одбрана размислуваше постепено да се откаже од понатамошна експлоатација на хеликоптерите Ми-35 и Ми-35М и да ги повлече од составот на хеликоптерските единици. Меѓутоа, праксата покажа дека овие хеликоптери се исклучително ефикасни во операции карактеристични за Сирија, каде Ми-35М докажа дека и понатаму е еден од најдобрите хеликоптери на светот. Врз основ на овие показатели, Министерството за одбрана на РФ заклучи дека повлекувањето на хеликоптер со вакви карактеристики би бил потполно нерационален потег.

Модернизираната верзија која ќе ја носи ознаката Ми-35МВ ќе го задржи високото ниво на стандард за современ борбен хеликоптер.

Погледнете го видеото: Сѐ за офанзивниот хеликоптер Ми-35М

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња