„Се работи за истата технологија заснована на аденовирусни вектори, каде што врз основа на трн-протеинска низа со променета оригинална структура новата секвенца буквално за еден ден се синтетизира нова секвенца, а веќе наредниот ден се вметнува во веќе користениот вектор и практично имате готова генетска модифицирана конструкција која може да се користи како вакцина“, објасни тој.
Според Гинцбург, во моментов се разгледува прашањето дали во тој случај е неопходно да се спроведуваат сите фази на тестирање на новата вакцина. Тој потсети дека во светската пракса има примери кога препаратот се проверува на ограничен примерок од сто лица.
„Ако го дава истиотот соодветен заштитен ефект, но против нов вид на вирус, веднаш може да се започне со негово масовно производство. Се надевам дека во најскоро време таквите акти ќе бидат усвоени и кај нас“, рече научникот.
Тој во интервјуто за „Спутник“ исто така наведе и дека пострегистрациските испитувања на вакцината „Спутник V“ ќе бидат завршени кон средината на јуни, по што извештајот ќе биде доставен до експертите на Министерството за здравство, кои мораат да донесат одлука за трајна регистрација на вакцината.
„Истражувањата сега траат шест месеци, мора да ги набљудуваме долгорочните последици, тоа е приближно средината на јуни, но дајте ни уште две-три недели да го потпишеме извештајот и да го доставиме до Министерството за здравство, а потоа, се надевам, ќе биде донесена одлука за трајна регистрација“, додаде Гинцбург.
Вакцината „Спутник V“ што ја произведува Научноистражувачкиот институт „Гамалеја“ доби на 11 август потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот. Вакцината се заснова на проучена и проверена платформа на човечки аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.
Во Русија се направени уште две вакцини против ковид - вакцината „ЕпиВакКорона“ на центарот „Вектор“ и вакцината „КовиВак“ на Центарот „Чумаков“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче