ВИДЕО: Снимено транспортирање на Су-27 на надворешен носач на Ми-26

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Санкт Петербург екипажи на тешки транспортни хеликоптери Ми-26 транспортираа товар на надворешен носач. Процесот може да се види на видеото што го презентираше прес-службата на Западниот воен округ (ЗВО).

Екипажот на Ми-26 полета од псковскиот аеродром „Веретие“ и помина 300 километри. На аеродромот во Пушкин тој зеде ловец Су-27 на надворешниот носач. Авионот беше безбедно доставен на авиополигонот „Кингисепски“ во Ленинградската област. Маршрутата беше поставена подалеку од населени места, пишува „Росијскаја газета“.

Како што додаваат од прес-службата на ЗВО, пилотирањето тежок транспортен хеликоптер со товар на надворешен носач е потешко отколку при транспортирање товар внатре. Неопходно е да се запазува брзината за секој вид товар - неговата форма и големината. Таквите операции бараат искуство и вештина. Како по правило, обуката започнува со закачување товар со маса 1000 кг на надворешниот носач, постепено зголемувајќи ја тежината до максималната вредност.