Трите најголеми борбени машини во руската историја

Ми-26 --- Doomych
Сè што смееме да ви откриеме за најголемото оружје што се чува (или се чувало) во границите на руската земја во текот на 20 век.

„Тенкот-цар“

За време на Првата светска војна (1914-1918) еден руски инженер осмислил тенк кој требало со едно дејство од своето оружје да срамни со земја цело утврдување. Ова чудовиште од челик и легура било високо колку современа двокатна куќа, а долго 18 метри и широко 12 метри. Поради застрашувачкиот изглед и борбениот арсенал овој ѕвер го добил прекарот „Тенк-цар“.

Машинеријата била тешка 60 тони, а за овој ѕвер да може да се движи низ шумите и низ степите во неа бил вграден авионски мотор кој му овозможувал да се движи со брзина од 17 километри на час, што го правело еден од најбрзите тенкови од тоа време.

Притоа трупот требал да биде прекриен со оклоп од валан челик, а стрелниците биле опремени со две оружја за пробој на ѕидини со калибар од 76.2 милиметри. Со секој топ одел борбен комплет од 60 проектили. Од непријателската пешадија требало да го штитат митралези „Максим“ со калибар од 7.62 милиметри со десетина илјади патрони секој.

Според замислата на конструкторот, со возилото требало да управуваат 15 војници.

Меѓутоа, се откажале од оружјето веднаш по првите тестирања на полигон кога задното тркало на овој трицикл паднал во јама само една секунда откако машината тргнала од платформата. Излегло дека проблемот е грешка во пресметката, зашто задниот дел од возилото бил преоптоварен, што предизвикало постепено да тоне во земја.

Оваа импозантна челична конструкција така останала да фаќа ‘рѓа во шума сè дури по граѓанската војна во Русија во 1923 година не завршила во старо железо.

Таткото на сите бомби

Во магацините на руската војска до денешен ден се чува таканаречената „термобарична авијациска бомба“. Нејзината разорна моќ може да се спореди со нуклеарни боеви глави. Но, за разлика од нив, ова оружје не остава радиоактивен облак.

Поради нејзината застрашувачка сила која е еквивалент на 40 тони ТНТ наречена е „татко на сите бомби“. Во предниот дел се наоѓа уред кој за време на активирањето распрскува експлозив во самата каписла. Притоа до „распрскување“ доаѓа дури во моментот што го програмира нишанџијата.

Потоа честиците кои се распрскуваат во воздухот (аеросол) се распрскуваат во смеса која се активира со детонатор. Бомбата создава ударни бранови кои во точката на експлозијата формира вакуумска средина без воздух. Благодарение на овој пад на притисокот сите објекти во епицентарот буквално се распрснуваат однатре, без разлика дали станува збор за жива сила, за техника, за утврдување или за некој друг одбранбен објект на непријателот.

Ова оружје е создадено исклучиво со цел демонстрација на силата и на можностите на руските конструктори на оружје да ја создадат најмоќната конвенционална бомба на светот. „Таткото на сите бомби“ е направен во еден примерок и никогаш не е применет во борбени дејствија.

Ми-26

Во седумдесеттите години од минатиот век советскиот монументализам го зафатил и производството на хеликоптери. Советските конструктори го направиле најголемиот транспортен хеликоптер на светот Ми-26. Ако оваа убавица ја ставите покрај патнички авион Боинг 737, хеликоптерот ќе биде подолг!

Пречникот на елисата од 4 метри е поголем од распонот на крилата на класичната серија на Боинг 737.

Притоа максималната брзина на овој „голијат“ изнесува 270 километри на час со долет со полн резервоар до 800 километри. Сето ова леталото го прави со носење на 56 тони товар кој може рамномерно да се распореди на надворешниот носач со авионски бомби или дури внатре во хеликоптерот за време на транспорт на товар и воена техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња