Зошто Русија ги модернизира најголемите хеликоптери на светот, супертешкиот транспортер Ми-26Т2В

Снимка од екран
Проектот за модернизација на базичната верзија на хеликоптерот на стандард Ми-26Т2В е вклучен во стратешкиот документ на руското Министерство за одбрана со кој се планира опремување на руската армија со нови средства до 2027 година. Во овој момент војската има намера да набави до 10 модернизирани летала. Првиот сериски модел на модернизираниот хеликоптер Ми-26Т2В треба да им се испорача на Воздушно-космичките сили на руската армија до крајот на 2021 година.

Започнувањето на сериското производство на модернизираната верзија на најголемиот хеликоптер на светот Ми-26Т2В е планирано за 2021 година, ова за Интернет-порталот РТ го изјави генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински. Според него, во овој момент се работи на летни тестирања на модернизираните летала.

„Во моментов наша прва задача е да се заврши тестирањето на обновеното летало врз основа на потпишаниот договор со Министерството за одбрана на Руската Федерација. Во првата половина на следната година ќе почнеме со комплетирање на првиот сериски модел на Ми-26Т2В кој ќе го носи евиденцискиот број 01“, рече Богински.

Првиот човек на холдингот „Хеликоптери на Русија“ нагласи и дека паралелно со обвие активности се разгледува и проект за изградба на арктичка верзија на овој хеликоптер, каде како потенцијален нарачател на работата се споменува Министерството за вонредни состојби. Обликот на арктичката верзија на хеликоптерот ќе биде унифициран со воената верзија Ми-26Т2В кој се прави за потребите на Министерството за одбрана.

Модернизираната верзија на хеликоптерот Ми-26Т2В како и неговите претходници ќе има можност во својот десантен оддел да носи и до 82 војника со целосна воена опрема, или 20 тони различен товар. Ефективниот долет на леталото ќе изнесува 800 километри, а крстосувачката брзина ќе биде околу 255 километри на час.

Проширување на потенцијалот

Тешкиот транспортен хеликоптер за првпат полета во август 2018 година. Овој мошне важен настан беше одбележан во кругот на фабриката за хеликоптери „Роствертол“ која се наоѓа во Ростов на Дон. Во таа пригода директорот на воздухопловниот кластер на „Ростех“ Анатолиј Сердјуков рече дека овој хеликоптер ќе има своја значајна функција во единиците на руската армија, но и дека неговата експортна верзија ќе им биде понудена и на странските партнери во земјите од Азија, Африка и од Блискиот Исток.

„Ми-26 е уникатен хеликоптер. На светот не постои ниту еден сериски хеликоптер кој може да се спореди со него кога станува збор за носивоста на товарот. Модернизацијата во голема мера ќе ги зголеми неговите примени“, рече Сердјуков.

Проектот за модернизација на базичната верзија на хеликоптерот на стандард Ми-26Т2В е вклучен во стратешкиот документ на руското Министерство за одбрана со кој се планира опремување на руската армија со нови средства до 2027 година. Во овој момент војската има намера да набави до 10 модернизирани летала. Првиот сериски модел на модернизираниот хеликоптер Ми-26Т2В треба да им се испорача на Воздушно-космичките сили на руската армија до крајот на 2021 година.

Како што пред извесно време најави генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински, државните тестирања на хеликоптерот ќе започнат наесен оваа година. Ми-26Т2В тогаш ќе мора да ги потврди своите врвни летно-технички карактеристики на четири боени полигони пред исклучително строга комисија на Министерството за одбрана.

Модернизираниот хеликоптер е оспособен за извршување широк спектар задачи во сите временски услови, вклучувајќи ги и најсложените физичко-географски и климатски терени, Во холдингот потсетуваат дека модернизираните хеликоптери можат да решаваат задачи во ситуации на огнено и информациско противдејство на непријателот. Како што појасни воениот експерт, хеликоптерите, благодарение на имплементацијата на модерната опрема за противелектронска борба ќе може да ги збунат противничките ПА ракети.

Носивоста на хеликоптерот ќе биде на исто ниво како и кај базичната верзија, и ќе изнесува респектабилни 20 тони товар. Хеликоптерскиот екипаж кој управува со хеликоптерот исто така не е намален, и неговиот број изнесува пет лица. Самиот пакет на модернизација најмногу измени донесе на планот на радиоелектронската опрема која се монтира на хеликоптерот.

Модернизираниот хеликоптер Ми-26Т2В е опремен со современ интегриран комплекс на радиоелектронска опрема НПК90-2В кој обезбедува управување на хеликоптерот и дење и ноќе со употреба на автоматски пилот кој го води леталото по точно определена маршрута, доаѓа на однапред зададената точка и врши слетување на тлото“, се споменува во материјалот што го објави холдингот „Хеликоптери на Русија“.

Според информациите од Министерството за одбрана на Руската Федерација, модернизираната верзија на леталото е зајакната со противелектронски одбранбен комплекс БКО „Витебск“ (експортната модификација ќе ја носи ознаката „Президент-С“), кој е наменет да го заштити хеликоптерот од ПА ракети кои се наведуваат преку инфрацрвени глави за самонаведување.

Станува збор за индивидуален комплекс на заштита кој своја примена има на авионите и на хеликоптерите. Наменет е да го штити авионот од противничките ракети опремени со инфрацрвени, ултравиолетови, оптички и радарски глави за самонаведување. Значи, покрај ракетите кои се испукуваат од рамо, а кои мошне лесно можат да се најдат во рацете на терористичките формации (на пример „Стрела“, „Игла“, „Стингер“ и сл.), овој комплекс мошне успешно попречува и ракети од среден и од голем дострел кои ги имаат сериозни војски („Патриот“, „Астер“, „Бук“). Основен елемент на „Витебск“ претставуваат двете компјутеризирани станици за активно попречување Л-370-3С кои се наоѓаат во специјални контејнери на поткрилните носачи на авионот. Тие претставуваат нова генерација уреди за активно попречување кои во голема мера го деформираат и го неутрализираат радарскиот сигнал што го емитуваат непријателските радари, и тоа во сите дијапазони на работа. Тука е и системот Л-150-16М „Пастел“ кој детектира озрачување на авионот од страна на противничките радари и го предупредува пилотот да ги примени соодветните контрамерки со цел избегнување на радарската видливост. Покрај овие две станици кои го попречуваат радарскиот сигнал, тука е и комплексот за заштита од ракети што се исфрлаат до ЛПРС. Составен е од детектор на инфрацрвено зрачење (2 сензори на предниот и на задниот дел од авионот) кој е поврзан со два диспанзери УВ-26М наменети за пасивна заштита на авионот кои вкупно имаат 56 картриџи. Овие картриџи имаат широк дијапазон на примена и можат ефикасно да ги збунат противничките ракети кои се наведуваат со инфрацрвен, оптички и радарски пат.

Како што наведуваат во „Ростех“ комплексот за индивидуална заштита на хеликоптерот „Президент-СЕ претставува исклучително ефикасно средство кој е посебно тестиран против ракети кои се испукуваат од рамо (лесен преносен ракетен систем). Имено, на Ахубанскиот полигон по воено-транспортниот хеликоптер Ми-8 кој е зајакнат со системот ПеБ „Витебск“ се дејствувало со дури 20 ракети испукани од ЛПРС „Игла“. Сите овие ракети во воведниот и во средниот дел од својата патека, бескомпромисно тргна во насока на својата цел, и тогаш во самата завршница на патеката, остро свртува од својот дотогашен курс и ја промашија целта. Ниту една ракета не успеа да го пробие овој невидлив штит што „Витебск“ го направи околу хеликоптер.

Покрај тоа модернизираната варијанта на хеликоптерот доби и компјутеризиран пилотажен комплекс и повеќенаменски индикатори кои според тврдењето на производителот значајно го намалиле оптоварувањето на екипажот. Унапредена е и сигналната опрема, системот за навигација на хеликоптерот, комуникациската опрема за врска со сателити и хавариско-спасувачката апаратура.

„Ние се потрудивме да ги реализираме сите желби на нашите нарачатели. Сите нивни барања се опфатени и конкретизирани во проектот Ми-26Т2В. Модернизацијата во голема мера ги прошири експлоатациските можности на леталото. Уверен сум дека оваа верзија на хеликоптерот ќе го заземе достојното место кога станува збор за воздухопловната техника со која располагаат единиците на нашата војска“, рече на крајот на минатата година Богински.

Во јули минатата година во интервју за Интернет-порталот на РИА Новости генералниот директор на холдингот “Хеликоптери на Русија“ допушти можност за разработка на специјална модификација на овој хеликоптер која би била наменета за употреба на Арктикот. Според него за летало од овој тип се заинтересирани Воздушно-космичките сили на руската армија и нејзината воена морнарица.

Се претпоставува дека овој хеликоптер би можел да биде комплетиран (тест-верзија) до крајот на 2022 година, по што би почнала и фазата на негово тестирање. Во секој случај оваа верзија би имала транспортна и десантна варијанта на леталото.

Според него, Ми-26Т2ВА ќе се применува во крајбрежните зони на арктичките мориња и „ќе има низа специфични карактеристики: подобра термоизолација, систем за загревање на главните погонски блокови, дополнителни спасувачки средства, санитарен јазол со греење, како и специјална опрема за подготвување и за подгревање храна“.

Со оглед на тоа дека проектот се прави за потребите на морнаричката авијација, за пилотите се подготвени специјални костими кои се прилагодени на пилотската кабина.

Руските стручњаци сметаат дека модернизираната варијанта на хеликоптерот Ми-26Т2В може да се примени на Арктикот без посебен пакет за дополнителна модернизација. Конечно, модернизацијата на овие хеликоптери за употреба во арктичките услови се однесува на подобрување на внатрешноста на хеликоптерот за покомфорен превоз на луѓето и на инженерско-техничкиот персонал, смета рускиот стручњак.

Универзално летало

Во интервју за новинската агенција РТ главниот конструктор на Московскиот воздухопловен институт Дмитриј Дјаконов забележа дека семејството тешки хеликоптери Ми-26 имаат значаен потенцијал за модернизација. Според него, аеродинамичната шема и конструкцијата на овој хеликоптер е и понатаму актуелна, што ѝ овозможува експлоатација и во следните неколку децении.

„Тешкиот военотранспортен хеликоптер Ми-26, како и неговиот нешто полесен колега – военотранспортниот хеликоптер Ми-8 уште го нарекуваат и летала кои се актуелни во сите времиња и меѓу сите народи. Благодарение на талентот на советските конструктори, овие летала уште долги години ќе бидат во употреба како во Русија, така и во други држави. Најновиот пакет модернизација кој е имплементиран низ проектот Ми-26Т2В има за цел ова, според своите многубројни техничко-тактички можности исклучително летало, и понатаму да биде во тек со најновиот научен и технолошки напредок во сферата на воздухопловството и на конструирањето нови материјали“, истакнува експертот.

Експертот е уверен дека овие летала имаат голем експортен потенцијал. Според него, ова летало има своја перспектива во државите кои имаат потреба од превоз на супертежок товар со голем габарит, како и поголемо количество луѓе (десантна пешадија). Неодамна овој хеликоптер го набавија армиите на Алжир и на Јордан.

Голем број воздухопловни стручњаци сметаат дека семејството тешки воени транспортни хеликоптери Ми-26 во голема мера ги надминуваат западните аналози. Клучни предност на рускиот хеликоптер Ми-26 освен рекордната носивост, се и високото ниво на сигурност и релативно ниските трошоци за негова експлоатација.

„Ми-26 е универзална машина која ја красат неверојатни карактеристики, и која можете да ја употребувате на сите терени и во различни климатски услови. Овој хеликоптер не е исклучиво наменет за превоз на товар, или за изведување операции на хеликоптерски десант, ами и за гаснење пожари и за учество го голем број спасувачки мисии. Слични техники на Запад едноставни нема. Вакви хеликоптери можат да конструираат и да произведат единствено Соединетите Американски Држави. Меѓутоа нивната мана е високата цена за изработка и за сервисно одржување, што не е случај со рускиот хеликоптер од иста класа“, истакнува Дрозденко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња