Во Москва започна вакцинација на волонтери со вакцината „Спутник Лајт“

Евгениј Синицин/Xinhua/Global Look Press
Во Москва се вакцинирани првите учесници во истражувањето на вакцината против коронавирус „Спутник лајт“, изјави за новинарите Анастасија Ракова, заменик-градоначалник на Москва задолжена за прашања на социјален развој.

„Во однос на тоа како волонтерите ќе ги поминуваат прегледите, и опсегот на вакцинација ќе се зголемува. Активно се поднесуваат пријави, за два дена 490 лица беа подложени на лекарски преглед, изјави Ракова.

Таа потсети дека волонтер може да биде секој постар над 18 години кој немал или не боледувал од корона, не примил никакви вакцини во текот на последниот месец, нема антитела на корона, нема алергиска реакција и нема хронични болести. Во испитувањето не можат да учествуваат бремени жени и доилки.

„Се претпоставува дека оваа вакцина ќе ја користат млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, кај кои се развива добар имунолошки одговор и кај кои веќе при првата репликација се развива доволно ниво на антитела. „Спутник лајт“ во комбинација со „Спутник V“ ќе даде повеќе можности за вакцинација“, објаснува Ракова.

Таа потсети дека во Москва е планирано испитување на назална вакцина против коронавирус, а испитувањето ќе започне кога ќе се добие одобрение од Министерството за здравство на Русија.

Исто така, во Москва е планирано и испитување на вакцина против коронавирус за деца.

„Испитувањето на вакцината „Спутник V“ за деца може да започне само по добивањето постојан сертификат за регистрација на вакцината за возрасни, кога конечно ќе се сумираат резултатите од клиничките пострегистрациски испитувања. Се надеваме дека ова прашање ќе биде решено во рок од неколку месеци“, рече заменик-градоначалничката на Москва.

Ракова додаде дека во рускиот главен град веќе се започнати испитувањата за стабилност на имунитетот по вакцинирањето, што ќе овозможи да се утврди кога вакцинираните лица ќе мораат повторно да ја примаат вакцината.

Кон крајот на летото, врз основа на собраните податоци, би требало да се донесе одлука дали повторно ќе се вакцинираат луѓето кои ја примиле вакцината есента минатата година.

Вакцината „Спутник лајт“ ја претставува првата компонента на вакцината „Спутник V“ и, според директорот на центарот „Гамалеј“, Александар Гинцбург, вакцината ќе обезбеди заштита во траење од четири или пет месеци и ќе ја намали можноста лицето да заболи од тешка форма на коронавирус.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња