Основачот на „Телеграм“: Месинџерот во јануари стана најдаунлодираната мобилна апликација на светот

Moritz Wolf/http://imagebroker.com/#/search//Global Look Press
„Во што се крие нашата тајна? Во доследноста. Во текот на последните седум и пол години доследно ја штитевме поверливоста мна податоците на нашите корисници и редовно ги унапредувавме квалитетот и понудата на нашите апликации“, вели основачот на „Телеграм“ Павел Дуров.

„Телеграм“ во јануари 2021 година стана најмасовно даунлодираната апликација на светот, соопшти основачот на месинџерот Павел Дуров.

Тој истакна дека во текот на последните седум и пол години апликацијата „константно напредуваше на ранг-листите на популарни апликации“. Секоја година базата на корисници се зголемувала за преку 40%.

„Во што се крие нашата тајна? Во доследноста. Во текот на последните седум и пол години доследно ја штитевме поверливоста мна податоците на нашите корисници и редовно ги унапредувавме квалитетот и понудата на нашите апликацииˮ, напиша Дуров на својот телеграм-канал. 

Се проценува дека вредноста на „Телеграм“ е преку 20 милијарди долари. Месинџерот денеска го користат повеќе од 570 милиони луѓе, од кои 100 милиони му се приклучија на „Телеграм“ во јануари.

Прочитајте повеќе: Сè што треба да знаете за рускиот месинџер Телеграм со 500 милиони корисници

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња