Научно-образовниот центар (НОЦ) „ТулаТех“ во соработка со научно-производствената група „Сплав“ „А.Н. Ганичев“ почна со развој на заеднички проект за изработка на артилериска ракета од нова генерација која ќе најде своја примена кај повеќецевните ракетни лансери. На овој начин руската воена индустрија ќе ја задржи лидерската улога на светскиот пазар кога е во прашање производството на овој тип муниција и вооружени системи, наведува информативната служба на групата „Сплав“.
Тешки вишецевни лансер ракета ТОС-1А „Солнцепек“ pic.twitter.com/2ZdEHRlrH2
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) November 3, 2020
„Проектот е насочен кон развој на вид реактивна муниција за новата генерација повеќецевни ракетни лансери преку спроведување теоретски и експериментални студии за изборот, оправданоста и потврдувањето на техничките и технолошки решенија“, наведува прес-службата, пренесува рускиот веб-портал ТАСС.
Според извори кои доаѓаат од Научно-образовниот центар (НОЦ) „ТулаТех“, проектот се реализира во согласност со програмата на „ОборонТех“. Тој ќе овозможи усвојување на нова технологија за лансирање артилериски ракети, која ќе има клучно влијание врз понатамошниот развој на повеќецевните артилериско-ракетни орудија. „При реализацијата на проектот ќе бидат развиени иновативни технологии за огнена подготовка и дејство на повеќецевни ракетни лансери со зголемен капацитет на информатизација на управувањето и извидувањето“, напоменуваат од НОЦ.
Финансирањето на целиот проект го презеде врз себе научно-производствената група „Сплав“. Еден од главните партнери во овој проект, кога се зборува за сегментот на лабораториско-експерименталните истражувања, изведувањето комплексни пресметки и обука на специјалисти, му е доверен на Тулскиот државен универзитет. Целиот проект има ознака строго доверливо. Неговата основна функција е генерирање нова технологија во производството на артилериски ракети која ќе ѝ обезбеди на Русија задржување на лидерското место на светскиот пазар на оружје кога се во прашање артилериско-ракетните системи, конкретно повеќецевните ракетни лансери со различен калибар и дострел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче