Толбоев смета дека главната предност на авионот Су-57 е во високите маневарски можности, кои F-35 „ги нема“. Од друга страна, американскиот авион е во предности што се однесува до електронската опрема. Додуша, во случај на некоја катаклизма, на пример, на поголеми експлозии во сончевата атмосфера, таа електроника може да откаже и тогаш од неа нема да има никаква полза.
F-35 Lightning II
mpi04/MediaPunch via www.imago-i/Global Look Press„Су-57 едноставно ќе го уништи ако се судрат еден на еден“, рече Магомед Толбоев, истовремено нагласувајќи дека времето на воздушните дуели веќе припаѓа на минатото. „Сè зависи од тоа кој го покрива пилотот. Сега се води радиоелектронска војна. Тоа веќе не е душек за борење, туку комплексен пристап кон решавање на тактички прашања.
Су-57
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressРуската војска кон крајот на минатата година го доби првиот сериски примерок на авионот Су-57, а оваа година на Военото воздухопловство на РФ треба да му бидат испорачани барем уште четири такви летала.
Повеќенаменскиот ловец е наменет за уништување на сите видови цели во воздухот, на копно и на море. Авионот е направен според стелт технологија и е опремен со иновативен комплекс на радарска опрема.
Од друга страна, на почетокот на годината јавноста дозна дека Пентагон го одложува масовното производство на ловци од петтата генерација F-35 Lightning II, со тоа што не се наведува точната причина. Претставници на американскиот воен врв изнесоа само некои разводнети формулации, повикувајќи се на извесни технички проблеми и влијанието на КОВИД-19.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче