Порталот Military Watch ги спореди вооружувањето и борбените карактеристики на авионот Су-57 и неговите конкуренти. Како што истакнува авторот на статијата, рускиот ловец е направен да има поголема огнена моќ од сличните странски модели.
Работата е во тоа што слабата видливост на авионите од 4-5 генерација сериозно ги ограничува нивните борбени карактеристики. Тие авиони ги носат сите проектили во отсеците во трупот за да се намали површината на ефективното расејување на радиобрановите. Американскиот F-22 Raptor во својот арсенал има шест ракети со голем дострел од класата „воздух-воздух“. Тоа се AIM-120C / D и PL-15 и уште две ракети со помал дострел. Значи, вкупно осум ракети. Исто толку ракети носи и кинескиот Ј-20.
Ловецот Су-57 според тежината е сличен на авионот F-22, но е направен да може да носи многу поголем борбен товар - осум ракети од класата „воздух-воздух“ во уникатните тандемски отсеци, и две специјализирани ракети со краток дострел под крилото.
Според оружјето Су-57 е супериорен во однос на американските и кинеските авиони од ист ранг. Ракетата К-77 (модернизираната верзија) има дострел од околу 200 километри и е опремена со активна радарска глава за самонаведување.
Су-57 не е толку „невидлив“ за радарите како конкуренцијата, но затоа е во предност во однос на вооружувањето.
Длабоките отсеци за проектили на авионот Су-57 можат да примат проектили со голема ширина. Според тоа рускиот авион се разликува од моделите F-22 и J-20, но е сличен на авионот F-35 кој е наменет за пренос на тешки бомби, вклучувајќи ја и бомбата B61 со нуклеарна боева глава.
Од друга страна, Су-57 може да носи наведувана невидлива бомба „Дрељ“, а исто така и да истрелува минијатурни балистички ракети. Станува збор за еквивалент на ракетата „Кинжал“, но со помали габарити.
Су-57 може да носи и крстосувачки ракети Х-38. Во прашање е уникатен авион-ловец кој има голема носивост и универзален арсенал. Тој може да извршува задачи кои F-22 и J-20 не би можеле да ги извршат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче