Зошто рускиот ловец од петтата генерација ја доби ознаката Су-57?

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net

Во корпоративниот магазин „Горизонти” на руската Обединета корпорација за производство на авиони се наведува дека напредниот авијациски комплекс првично ја носеше ознаката Т-50. Буквата „Т”, според традицијата на руското производство на авиони, ја добиваа проектите со триаголно крило. А поради бројот 50 конструкторите неофицијално го нарекуваа новиот авиони „полтиник” (монета од половина рубља).

Дури во август 2017 година командантот на Воздушно-космичките сили на Русија официјално му го даде на авионот името Су-57.

„Су, се разбира, потекнува од конструкторот и произведувач – компанијата „Сухој“. Бројот 57 исто така има скриена смисла: 5 означува петта генерација, а бројот 7, кој е среќен за Сухоите, ја покажува поврзаноста со најдобриот руски ловец од претходната, четврта генерација, Су-27“, се наведува во текстот.

Договорот за испорака на ловци Су-57 на руските Воздушно-космички сили беше потпишан на форумот „Армија-2019“. Авионот ги помина тестирањата на небото над Сирија, а во тек е проверка на режимот на работа на моторите од втората фаза.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња