Ловци Су-35С пресретнаа „непријателски“ авион во Хабаровскиот крај

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ловци Су-35С пресретнаа „неријателски“ авион на вежби во Хабаровскиот крај, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Улогата на авионот кој го наруши воздушниот простор ја играше ловец Су-30СМ. Тој не одговараше на барања. Наместо тоа, се обиде да се приближи и да изврши „ракетен напад“ врз важни објекти во Хабарсовскиот крај.

„За пресретнување на условниот непријател беа подигнати ловци Су-35С од еден аеродром во Источниот воен округ. Пилотите успешно ја открија и класификуваа целта, а потоа изведоа школско (електронско) лансирање ракети од класата „воздух-воздух“, се вели во соопштението.

Задачата беше плански отежната така што Су-35С го бараа „прекршителот“ самостојно, со минимално користење на можностите на средствата за ПВО од земја.

Су-35 е руски повеќенаменски суперманеварски ловец од генерацијата 4++. Ова летало според своите карактеристики е многу близу до авион од петтата генерација. Во прашање е длабока модернизација на авионот Су-27. Модернизацијата се однесуваше како на опремата во кабината, така и на конструкцијата, која е зајакната.

Покрај тоа, авионот доби значително помоќен радар, проширен арсенал наведувани проектили, вклучувајќи и ракети со голем дострел кои се наведуваат врз целта со помош на радиолокатор.

Су-30СМ е модификација на моделот Су-30. Има суперманеварски можности, радар со фазирана антенска решетка, мотори со управлив вектор на потисок и пар предни хоризонтални крила. Овој ловец може да применува современо и перспективно високопрецизно оружје од класите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“.

Су-30 е направен врз база на моделот Су-27УБ. Радарот со активна антенска решетка овозможи ловецот да добие дел од функциите кои во управувањето со група ги има авионот за откривање цели на големи растојанија.