Главната модификација што ја носи ознаката СМ2 се однесува на интеграција на силниот мотор АЛ-41Ф-1С кој ќе го замени АЛ-31ФП, како и замена на главниот радар каде наместо досегашниот Н011 „Барс“ ќе биде вграден радар од новата генерација Н035 „Ирбис“. Значајно е изменет и блокот електроника, оптоелектронската станица, а зголемен е и арсеналот на вооружување. Според извори од рускиот воено-индустриски комплекс, во план е со тек на време сите летала Су-39СМ (100+) кои се наоѓаат во оперативното вооружување на ВКС на руската армија да се подигнат на стандардот СМ2.
Према писању руских медија руски министар одбране Сергеј Шојгу наговестио да његово министарство планира да потпише уговор око набавке 21 ловца 4++ генерације Су-30СМ2. Захваљујући заиста обимној модернизацији Су-30СМ2 ће постати максимално „напуцана“ небеска ратна крстарица. pic.twitter.com/gt0XD4GbxK
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) September 9, 2020
Пред две години претседателот Путин издаде директива максимално да се унифицираат повеќенаменските ловци Су-30СМ и Су-35С. Токму на овој фон е развиен пакетот модернизации СМ2 кој подразбира интеграција на мотор АЛ-41Ф-1С кој инаку го движи и суперманеврабилниот ловец од генерацијата 4++ Су-35С, како и неговиот далкустрелен радар Н035 „Ирбис“. Благодарение на навистина обемната модернизација, Су-30СМ2 ќе стане максимално „набилдан“ небесен воен крстосувач.
Моторот АЛ-41Ф-1С („изделие 117С“) е развиен за потребите на рускиот тежок ловец од генерацијата 4++ Су-35С. Тој има значително посилен потисок од својот претходник (16%), како и управливи млазници со чија помош авионот може да изведува исклучително сложени летни маневри. На пример, тој може да лебди во воздух и да оствари брзина како хеликоптер. Исто така, значително е поекономичен од моторот АЛ-31ФП што му овозможува на модернизираниот ловец СУ-30СМ2 да оствари далеку повисоки параметри на оперативен борбен радиус во однос на својот претходник. Моторите АЛ-41Ф-1С имаат четири пати подолг употребен ресурс, а како што рековме, трошат и помалку гориво.
Според пишувањата на руските медиуми неодамна министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу навести дека неговото министерство планира да потпише договор за набавка на 21 повеќенаменски ловци Су-30СМ2 од генерацијата 4++.
„До крајот на оваа година планираме да склучиме два договори кои подразбираат набавка на 21 повеќенаменски ловец Су-30СМ2 и 25 учебно-борбени авиони од новата генерација Јак-130. Значи, на овој начин ние купуваме 46 летала“, рече во таа пригода министерот Сергеј Шојгу.
Благодарение на вградувањето на моќниот радар со фазна антенска решетка Н035 „Ирбис“ кој се одликува со способност за детекција на различни видови цели на големи далечини, поточно измени во нападно-навигацискиот комплекс на леталото модернизираниот Су-30СМ2 ќе може да ја прошири својата номенклатура на вооружување. Ова особено се однесува на неговите „бомбардерски“ можности.
Модернизираното летало, на пример, ќе добие нови борбени средства како што се високопрецизните авионски бомби КАБ-250 и крстосувачките ракети од класата „воздух-земја“ Х-59МК2.
КАБ-250 е специфично развиена за рускиот авион од петтата генерација Су-57, и е прилагодена за носење во внатрешноста на борбените багажници. Меѓутоа, без оглед на својот изглед кој е прилагоден на овие барања, оваа бомба можат да ја носат и други авиони чии подвесни точки се наоѓаат главно надвор, на крилјата или под трупот на авионот. Таков ќе биде случајот и со најновата модернизирана варијанта Су-30СМ2.
Бомбата е конструирана на база на класичната аеродинамичка шема. За зголемување на нејзиниот оперативен долет за време на отпуштањето на авионската платформа, но и за нејзините маневарски способности, доградени се аеродинамички крила. Основен императив за време на нејзината конструкција бил да се обезбеди висока точност на пододувањето (отстапување од целта не повеќе од 5 метри) во услови каде авионот не влегува во зона на непосредно дејство на противничката ПВО. За да се постигне ваква прецизност, руските конструктори применија систем за комбинирано насочување на авиобомбата која во почетниот и во средниот дел од својот пат се насочува со инерцијално-сателитски апаратури, а во завршниот дел од патот (на некои 2-3 километри од целта) насочувањето го презема термовизиската глава за самонасочување, која со корелациски алгоритам за обработка на информациите, автоматски ја селектира и ја следи целта, уривајќи се на неа со „снајперска“ прецизност. Исто така, кога е опремена со ласерска глава, бомбата може да се насочува по пат на ласерски сноп кој може да се емитува од воздух или од копно (пешадија со копнени ласерски обележувачи на целта). Примената на термовизиската глава за самонасочување обезбедува висока отпорност на бомбата на електронско попречување од страна на противникот (напомена: за време на силно електронско попречување доаѓа до опструкција и пукање на каналот кој сателитски ја насочува бомбата кон целта. Тогаш на сцена настапува инерцијалното насочување кое ја доведува бомбата во реонот на целта токму толку колку да го зафати термовизиската глава за самонасочување, која потоа го презема управувањето со бомбата до ударот во целта). Бомбата е тешка 250 килограми, од кои на експлозивното полнење отпаѓаат 50% од нејзината тежина. Опремена е со шрапнелски тип боева глава.
Ракетата од класата воздух-земја Х-59МК2 всушност претставува радикално модернизирана концепција на противбродската ракета Х-59МК „Овод-МК“. Оваа ракета е наменета за уништување на неподвижни копнени цели, како што се поголеми објекти и инфраструктура на непријателот. Опремена е со различни типови системи за управување, како што е инерцијалниот систем за насочување со кој е интегриран електрооптичкиот блок и системот за сателитска навигација ГЛОНАСС. Кај неа во целост е применет принципот „пукај и заборави“. Станува збор за ракета со исклучителна прецизност и разорна моќ. На максималниот дострел кој е проектиран на 300 километри, оваа ракета има отстапување од целта од само 2-5 метри, што е сосема неважно ако се знае дека носи боева глава набиена со дури 350 килограми високобризантен експлозив. За време на своето крстосување, ракетата користи исклучително низок профил на летот, така што претставува тешковоочлива цел за непријателските радари. Всушност, и самата технологија на нејзината изработка се засновува на принципите кои дополнително ја намалуваат нејзината радарска рефлексија. Покрај пробојно-уривачките боеви глави Х-59МК2 може да биде опремена и со касетна боева глава за уништување на поголем збир непријателска жива сила и оклопна техника. Накусо, станува збор за исклучително софистициран проектил кој може од лицето на Земјата да „истреби“ огромен број разлилчни копнени цели, без оглед на неговата големина и на степенот на заштита.
Су-30СМ е авион со извонредно летно-тактички карактеристики. Негова главна задача е остварување апсолутна воздушна доминација над поширокиот простор каде се одвива битката. Основниот фокус се противничките ловци и бомбардери, но може да се употреби и за гаѓање цели на земјата. Тој е еден од основните адути на ловечката авијација на руските Воздушно-космички сили. Исто така, овој авион во последниве години бележи големи успеси и кога станува збор за неговиот извоз. Активен учесник е во воздухопловната кампања во Сирија, каде се покажа во најдобро светло.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче